Видјадар Сураџпрасад Најпол (, - , ) - англиски писател, еден од водечките романописци на англиското говорно карипско подрачје, добитник на Нобеловата награда за литература во 2001 година, затоа што во своите дела ги комбинирал постојните литературни жанрови во свој самостоен стил со кој просто ги плени читателите, терајќи ги пред очите да имаат постојана слика на потиснатите истории.Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „МИКЕНА“, Битола, 2009

Творештво Во 1957 година го објавил својот прв роман „Мистичниот масер“.

Потоа следуваат делата: „Право на глас на Елвира“; „Улицата на Мигел“; Куќата на господинот Бисвас“; „Подрачјето на темнината“; „Мимичари“; „Во слободна држава“; „Половичен живот“ и други.

Награди Најпол има добиено голем број награди, меѓу кои и познатата Букерова награда. Во неговиот творечки опус главни теми со кои се занимава се- колонијализмот, осаменоста, чувството на неприпадност на ниедна земја и ниеден континент и сл. За литературната дејност на која ѝ го посветил целиот свој живот, во 1990 година англиското кралско семејство му ја доделило титулата „сер“.

Наводи

Белешки

Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Англиски писатели Категорија:Добитници на Букеровата награда Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Британски нобеловци Категорија:Членови на Кралското книжевно друштво Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Тринидадски нобеловци