Волта а Каталуња 2018 (позната и како Трка околу Каталонија 2018) — 98. издание на велосипедската етапна трка Волта а Каталуња, која се одржала помеѓу 19 и 25 март како деветти настан во сезоната на Светската турнеја.

Втора година по ред и третпат во кариерата, трката била освоена од возачот на , Алехандро Валверде. Валверде ги освоил втората и четвртата етапа на трката, преземајќи го водството на трката - и планинскиот пласман исто така - по победата на втората етапа. Завршил 29 секунди пред најблискиот соперник, колегата Наиро Кинтана, откако сонародникот на Кинтана, Еган Бернал () отпаднал од трката на завршниот ден. Подиумот бил заокружен од возачот на , Пјер Латур, кој доцнел уште 18 секунди зад Валверде; повлекувањето на Бернал исто така му овозможило на Латур да го освои пласманот за млад возач. Спринтерскиот пласман бил освоен од Љуис Мас (), додека го освоиле екипниот пласман, откако имале и трет возач, Марк Солер, меѓу најдобрите пет.

Екипи

Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што се заокружила групата од 25 екипи. Две од професионалните континентални екипи, и , го имале својот прв настап на трка од Светската турнеја.

Рута

Целата рута на Волта а Каталуња била објавена на 12 март 2018 година.

Третата етапа, првично предвидена да биде во должина од 199,2 километри, била скратена поради лошите временски услови. Поради тоа, етапата била скратена на 153,2 километри.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Етапа 7

Завршен пласман

Поредок

На Волта а Каталуња 2018 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови (3, 2 и 1 секунда) и на крајот на етапите (10, 6 и 4 секунди, соодветно за првите тројца велосипедисти), предводникот ја добил бело-зелената маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2018 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.

+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 Бодови за 30 25 20 16 12 10 8 6 4 3 2 1 Бодови за 16 12 10 8 6 4 3 2 1 0 Бодови за 10 7 5 3 2 1 0 Бодови за 6 4 2 1 0

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со портокаловата маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нуделе и бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала бело-црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачувања. Двојно повеќе бодови било предвидено да се доделат на врвовите Валтер 2000-Сеткасес (специјална категорија) и Ла Молина (прва категорија), меѓутоа Валтер 2000-Сеткасес било отстрането поради лошо време.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележана со бело-сина маичка. Само возачите родени по 1 јануари 1993 година смееле да се натпреваруваат во овој пласман; најдобриот млад возач во генералниот пласман бил предводник на пласманот за млад возач. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа се додавале заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

Етапа ПобедникГенерален пласман25пПланински пласман25пСпринтерски пласман25пПласман за млад возач25пЕкипен пласман 1 Алваро Одег Алваро Одег Вилмар Паредес Том Боли Алваро Одег 2 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Пјер Латур Матеј Мохорич 3 Томас де Гент Томас де Гент Томас де Гент Љуис Мас 4 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алехандро Валверде Еган Бернал 5 Харлинсон Пантано 6 Максимилијан Шахман 7 Сајмон Јејтс Пјер Латур На крај Алехандро Валверде Алехандро Валверде Љуис Мас Пјер Латур

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Волта а Каталуња Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Шпанија во 2018 година