Томпсонова чуваркуќаWale, 1940 In: Quart. Bull. Alp. Gard. Soc. 8: 210 (науч. Sempervivum thompsonianum) — локален македонски флористички ендемит од родот чуваркуќа (Sempervivum) и семејството дебелци (Crassulaceae), познат само за субалпскиот и алпскиот појас на планината Стогово, односно од 1850 до 2270 метри н.в.Roskov Y., Kunze T., Orrell T., Abucay L., Paglinawan L., Culham A., Bailly N., Kirk P., Bourgoin T., Baillargeon G., Decock W., De Wever A., Didžiulis V. (ed) (12 маrs 2014). ”Species 2000 & ITIS Catalogue of Life: 2014 Annual Checklist.”. Species 2000: Reading, UK.
Опис и распространетост Томпсоновата чуваркуќа претставува повеќегодишно тревесто растение, со месести листови групирани во густи и мали, речиси сферични розети со дијаметар до 2 см и со тенки изданоци. Цветното стебло достигнува височина од 8 до 12 см и е покриено со бројни и издолжени жлездести влакна. Листовите се елиптично-копјести, а највнатрешните речиси целосно копјести, долги 11-14 мм и широки 3-4 мм, најшироки во средината, со врв што постепено се стеснува. Од двете страни имаат густи жлездести влакна, а по рабовите влакната се 3-4 пати подолги и посилни, речиси четинести, со темноцрвен врв. Листовите на стеблото се потесни, до 15 мм долги, постепено заострени и исто така густо влакнести. Цветовите имаат 10-11 делови и се групирани во кратки цимозни гранчиња со по неколку цветови, што го прави соцветието многу збиено. Ливчињата на чашката се копјести, долги околу 5 мм, зелени по боја, со врв што постепено се стеснува и добива црвенкава нијанса, густо покриени со жлездести влакна. Венечните ливчиња се тесно копјести, долги 9-10 мм и широки 1,5-2 мм, со врв што се издолжува во остар завршеток. Во долниот дел се жолти или розовкасти, рабовите се белузлави, а долната страна има жолто-зелена нијанса и е покриена со густи жлездести влакна. Прашниците се пократки од венечните ливчиња; филаментите се пурпурни во горниот дел, розови кон средината, а во основата речиси белузлави и влакнести; антерите се розови. Мешунчињата се темнокафеави, со ретки жлездести влакна и со издолжени темновиолетови, речиси црни столпчиња. Галерија
Наводи
Категорија:Чуваркуќи Категорија:Флора на Македонија Категорија:Стогово Категорија:Дебелци Категорија:Флора на Европа