Галичичка чуваркуќаSempervivum galicicum (A.C.Sm.) Micevski, Fl. Republ. Makedonija 1(4): 1095. 1998. (науч. Sempervivum galicicum) — локален ендемит во флората на Македонија од семејството на дебелците (Crassulaceae), познат само за планината Галичица. Се развива во пукнатини на карпи и камењари, на карбонатна геолошка подлога.Sempervivum ciliosum var. galicicum A.C.Sm.

Опис Повеќегодишно тревесто растение; Стебло 10–25 см високо, густо жлездесто-влакнесто, со неколку топчести розети и со многубројни листови до соцветието.

Листови Листовите на розетата збиени, долгнавесто-елиптични или копјести, на врвот кусо заострени, 12-15x4-5 мм, зелени, на врвот пурпурни, по работ до врвот со густи цилии, од обете страни со густи жлездести влакна, а на долната страна со трепки. Стеблените листови му се поголеми, на врвот пурпурни, од обете страни со густи жлездести влакна, а по работ и со долги трепки.

Цвет Цветовите му се скоро приседнати, градат цимозно, густо жлездесто-влакнесто соцветие со долги цилии. Чашката му е жлездесто-влакнеста, 4–5 мм долга, со 3–4 мм долги копјести и заострени сегменти. Венечните ливчиња ѕвездесто му се распоредени, 7 x 1,75–2 мм, копјести, на врвот кусо заострени, по работ и од грбната страна со ретки жлездести влакна; прашничките филаменти му се бледокремови, а антериите ѓолти. Карпелите 3–5 мм долги, жлездесто-влакнести. Столпчињата 1,5 мм долги, исправени или малку искривени.

Екологија По варовнички камењари и карпи над 1400 м.

Распространетост Галичица: на варовнички камењар, 1400–1900 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галичица: на варовнички камењар над с. Царина, 1800 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галичица: по варовнички карпи во околината на чешмата, 1550 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галичица: над Преслап, наваровнички камењар, 1925 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галичица: на врвот северно од Преслап, на варовник, 1930 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галичица: Стара Галичица, на варовнички камењар, 1870–1960 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галичица: Стара Галичица, во околината на Казанот, на варовнички карпи, 1800–2090 м (leg. V. Matevski & M. Kostadinovski) (MKNH) Галичица: Томорос, на варовнички камењар, 1500–1700 м (leg. K. Micevski) (MKNH) Галерија

Наводи

Категорија:Чуваркуќи Категорија:Флора на Македонија Категорија:Галичица Категорија:Ендемска флора на Галичица