2 Unlimited (Ту Анлимитед) — холандско денс дуо формирано во 1991 година. Проектот е замислен од страна на белгиските продуценти Жан-Пол Де Костер и Фил Вилде, кои биле и главните творци на поголемиот дел од музичките подлоги за песните. Холандскиот рапер Реј Слајнгаард и пејачката Анита Дот биле задолжени за вокалите, појавувањето на настапите во живо, како и за пишувањето на текстовите на песните. Всушност Реј и Анита се она што сите го знаат како „2 Unlimited“.

Нивниот прв сингл „Get Ready For This“ (Подготви Се За Ова) бил издаден во 1991 година и како бура ги преплавил европските топ листи. Сепак 2 Unlimited најдобро се познати по песната „No Limits“ (Без Граници), песна која во годината 1993 станува број еден хит ширум целиот свет, притоа достигнувајќи го врвот во 35 земји.

thumb|upright 1.2|Настап на 2 Unlimited во 1994

Албуми 1992 - Get Ready! 1993 - No Limits 1994 - Real Things 1995 - Hits Unlimited

Наводи

Надворешни врски 2 Unlimited - We Have No Limits 2 Unlimited biography - The Eurodance Encyclopædia 2 Unlimited - Masters of Electronic Music

Категорија:Музички групи Категорија:Музички групи основани во 1991 година