Максимилијан Шахман (; р. ) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Во 2012 година бил предложен за велосипедист на годината на Германија. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018, каде ја освоил етапата 18.
Ран живот
Шахман е роден во Берлин и пораснал во предградијата на градот. Неговото училиште било оддалечено 6 километри од неговиот дом и бидејќи автобусите имале часовен возен ред, тој одел со велосипед, со што се поттикнал неговиот интерес во велосипедизмот како кариера.
Кариера 2017–2018
Шахман станал професионалец во 2017 година со . Морал да ја заврши сезоната порано по пад на петтата етапа на Трката околу Полска.
ВО 2018 година, Шахман имал пробив. По осмото место на Флеш Валон, го имал својот прв настап на некоја голема трка, започнувајќи на Џиро д’Италија 2018. Таму, ја освоил етапата до Прато Невозо. Го додал бронзениот медал на хронометарот на Европското друмско првенство кон неговите резултати, како и етапна победа и трет во генералниот пласман на Трката околу Германија.
2019–денес 2019
За 2019 година, Шахман потпишал со германската екипа . Во март освоил етапа на Волта а Каталуња. На Трката околу Баскија, Шахман го освоил хронометарот на првата етапа за да го земе водството, пред да обезбеди уште две етапни победи на етапите 3 и 4. Потоа, учествувал на арденските класици, завршувајќи петти на обете трки, Амстел Голд Рејс и Флеш Валон, и трет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.
На 30 јуни, Шахман го освоил националното друмско првенство, за завршница 1-2-3 на екипата Бора-Хансгрое на предизвикувачката трка во екстремно топло време до 40 степени и каде само 15 од 190 возачи ја завршиле трката. Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019. На хронометарот на етапата 13 можел да забележи добро време, но имал пад на крајот на патеката. Кога ја завршил етапата му било откриено дека има повеќе фрактури на неговата рака и морал да го напушти Тур.
2020
На почетокот на сезоната 2020, Шахман завршил втор зад Ремко Евенепул на Волта ао Алгарве. Во март 2020 година, Шахман ја освоил Париз-Ница, која била скратена за една етапа поради пандемијата на коронавирусот 2019-2020. Ја освоил првата етапа и потоа го сочувал водството од 18 секунди пред Тиш Бенот, со што станал петтиот германски победник на трката и прв Германец од Тони Мартин во 2011 година.
Достигнувања
2012 3. 15п Светско хронометарско јуниорско првенство 9. Европско хронометарско јуниорско првенство 2013 9. Европско хронометарско првенство под 23 години 2014 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 5. Светско хронометарско првенство под 23 години 5. Европско хронометарско првенство под 23 години 2015 2. 15п Светско хронометарско првенство под 23 години 3. 15п Европско хронометарско првенство под 23 години 8. Краен пласман Тур де Берлин 2016 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. 20п Краен пласман Тур Алзас 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 2. 15п Светско хронометарско првенство под 23 години 2. Краен пласман Тур де Берлин 3. Краен пласман Триптих на планините и замоците 7. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 1. Етапа 3 2017 Национални првенства 4. Хронометар 5. Друмска трка 4. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 10. Ле Самин 2018 1. 15п Светско првенство во екипен хронометар 1. Етапа 18 Џиро д’Италија 1. Етапа 6 Волта а Каталуња 2. Класик Сид-Ардеш 3. 15п Европско хронометарско првенство 3. Краен пласман Трка околу Германија 1. Етапа 2 4. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман БинкБенк Тур 7. Краен пласман Волта ао Алгарве 8. Флеш Валон 2019 1. 20п Национално друмско првенство 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 1. Етапа 5 Волта а Каталуња 3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 5. Амстел Голд Рејс 5. Флеш Валон 10. Краен пласман Трка околу Баскија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 3 1. Етапа 4 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија 2020 1. 20п Краен пласман Париз-Ница 1. Етапа 1 2. Краен пласман Волта ао Алгарве 3. Страде Бјанке
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски велосипедисти Категорија:Германски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020