десно|мини|Шише плавец Плавец мал – сорта грозје, сорта добиена со вкрстување меѓу сортите црљенак каштелански (цинфандел) и добричиќ, примарна сорта црно грозје која се одгледува на далматинскиот брег во Хрватска.

Плавец мал се одгледува и во Македонија[ http://vinotika.mk/2016/11/01 кои-се-вински-сорти-грозје-се-одгледув Кои сè вински сорти се одгледуваат во Македонија]

Историја Во 1980-тите години, погрешно се мислело дека плавец мал бил предок на цинфандел. Во 1998 година при истражувањата за потеклото на цинфандел со ДНК анализа, д-р Карол Мередит од Универзитетот Дејвис, со ургенции од Мајк Гргич (познат винар од долината Напа по потекло од Хрватска) и истражувачите од Универзитетот Загреб откриле дека всушност цинфандел е еден од предците на плавец мал.Meredith, Carole, "Looking for Zinfandel in Croatia" , Zinfandel Express, January 2002. Другиот предок е една стара сорта позната како добричиќ од островот Шолта која, многу личи на црљенак каштелански.

Потекло на поимот Името на оваа сорта доаѓа од хрватскиот збор „плав“ (се употребува и во македонскиот јазик како дијалектен зборПлав на мрежното место на ДРМЈ со значење „син“ и „мал“.

Виногорја Виновата лоза од оваа сорта се наоѓа по далматинскиот брег и островите во Хрватска.

Според Правилникот за реонизација на лозарските подрачја во Македонија Правилник за реонизација на лозарските подрачја плавец мал е препорачана сорта во Скопското, Тиквешкото и во Велешкото виногорје.

Витикултура Плавец мал сака топли локации, многу изложени на сонце и ветровити места.

Вина Вината од плавец мал се одликуваат со богат вкус и со висок процент на алкохол (типично 12%, но и до 17%) и со танини]]. Вообичаени вкусови и ароми на овие вина се боровинки, црни цреши, пипер и зачини.

Хрватски вина од ова грозје се дингач, и поступ од полуостровот Пељешац, островите Хвар, Брач, и розето опол.

Македонско вино од ова грозје е „плавец“ од винарската визба Тиквеш.

Консумирање Најчеста препорачана температура за консумирање е од 16 до 18оСПлавец на мрежното место на Тиквеш.

Наводи

Надворешни врски "Explaining Plavac Mali" , VI, January 14, 2011

Категорија:Грозје Категорија:Вина Категорија:Македонско вино Категорија:Хрватско вино