ЖРК Ѓер Ауди ЕТО е унгарски женски ракометен клуб од градот Ѓер. Поради тоа што главен спонзор на клубот е Ауди, официјалното име на тимот е Ѓер Ауди ЕТО.
На домашно ниво Ѓер има освоено 14 титули во унгарското првенство, меѓу кои седум по ред во периодот помеѓу 2008 и 2014 година. Тие исто така се дванаесет кратен првак во Купот на Умгарија, победувајќи во сите свои финалиња од 2005 до 2016 година.
Исто така во последниве години Ѓер е една од најуспешните екипи и на европската меѓународната сцена, освојувајќи ја титулата во најсилното натпреварување Лигата на шампионите во 2013, 2014, 2017 и во 2018, а исто така стигнале до финалето и во 2009, 2012 и во 2016. Покрај тоа, Ѓер стигнал до финалето и на Купот на победници на куповите во 2006 година.
Арена Име: Ауди Арена Ѓер Град: Ѓер, Унгарија Капацитет: 5,500 гледачи Адреса: H-9027 Győr, Kiskút liget 4,
Титули Домашни натпреварувања
Унгарско првенство Шампион (15): 1957, 1959, 2004–2005, 2005–2006, 2007–2008, 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2015–2016, 2016–2017, 2017-2018, 2018-2019 Вицешампион (6): 1960, 1997–98, 1999–2000, 2003–2004, 2006–2007, 2014–2015 Трето место (4): 1998–1999, 2000–2001, 2001–2002, 2002–2003
Куп на Унгарија Победник (14): 2004–2005, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017-2018, 2018-2019 Финалист (4): 1999–2000, 2001–2002, 2003–2004, 2016–2017
Суперкуп на Унгарија Победник (2): 2014, 2015
Европски натпреварувања ЕХФ Лига на шампиони: Победник (5): 2013, 2014, 2017, 2018, 2019 Финалист (3): 2009, 2012, 2016 Куп на победниците на куповите: Финалист (1): 2006 ЕХФ куп: Финалист (4): 1999, 2002, 2004, 2005
Играчи Моментален составСостав за сезона 2019-20''
Голман 12 Амандин Лејно 73 Ева Киш 85 Кари Олвик Гримсбо Леви крила 13 Анита Гербиц 23 Ченге Фодор 57 Шидонија Пухалак Десни крила 3 Јана Кнедликова 33 Бернадет Боди 48 Доротија Фалувеѓи Пивоти 2 Беатрис Едвиж 7 Кари Братсет
Леви бекови 8 Ане Мете Хансен 18 Едуарда Аморим 21 Вероника Кристијансен
Средни бекови 15 Стине Бредал Офтедал 20 Јохана Фаркаш 27 Естел Нзе Минко
Десни бекови 5 Лаура Курти 24 Аманда Куртовиќ 32 Катерина Булатовиќ
Познати играчи
Анита Гербиц Беата Хофман Анита Кулчар Анико Наџи Каталин Палингер Криштина Пигњички Ана Шанто Орсолија Вертен Агнеш Хорнијак Анико Ковачич Орсолија Хер Ештер Матефи Адриен Орбан
Бојана Радуловиќ Иболија Мелман Маријана Бордасне Хорват Катрин Лунде Хајди Локе Ида Алстад Лин Јерум Суланд Катарина Булатовиќ Јованка Радичевиќ Ана Џокиќ Аурелија Брадеану Симона Гогирла
Рафаеле Тервел Андреа Лекиќ Ана Грос Макарена Агилар Ања Алтхаус Сусане Милер Ана Сен Катарина Мравикова Симона Спиридон
Производител на дресови и спонзори ПериодПроизводител на дресСпонзор на дрес Адидас 2004–2006 graboplast / e·on 2006–2010 Ауди / e·on 2010 Ерима Ауди 2011 Ауди / Digi 2011–2012 Адидас 2012–2013 Ауди 2013–2015 Ауди / MVM 2015 Ауди / Ѓер 2016– Ауди / Ѓер / Szerencsejáték Zrt.
Наводи
Надворешни врски Официјална вебстрана на клубот
Категорија:ЖРК Ѓер Ауди ЕТО Категорија:Унгарски ракометни клубови Категорија:Ѓер