Скопски минеј или Скопски празничен минеј — средномакедонски кирилски ракопис.Стоја Поп-Атанасова, Препис од оригинално Климентово дело во Скопскиот празничен минеј, „Македонски јазик“, LIII, 2002, 55-66. Минејот е пергаментен ракопис од 13 век, кој е поврзан со глаголската писмена традиција. Во минатото се чувал во библиотеката на Скопската митрополија, но подоцна е однесен во Бугарија и се наоѓа во ракописната збирка на софиската Народна библиотека „Кирил и Методиј“ (бр. 468, Цонев, II, 522).Цонев, Опис на славјанските ракописи во Софиската народна библиотека, II, Софија, 1923, 52-53; Има 279 листови и содржи, покрај преводните химнографски текстови и оригинални книжевни дела од жанрот на црковната поезија: Азбучни стихири за деновите пред Рождество Христово и за деновите пред Богојавление, со глаголска подредба на буквите, Служба за Св. Кирил Филозоф, Служба за Св. Методиј, Методиевиот канон за Димитриј Солунски, Канон за Св. Климент Римски, Претпразнични трипеснеци за Рождество Христово од Климент Охридски, Канон за пренесувањето на моштите на Св. Јован Златоуст, Канон за Архангел Михаил од Константин Презвитер, Канон за Богојавление и Канон за Воведение Богородично.Станкова, Радослава. О Скопльской минее XIII века. – Scripta & e-Scripta, 5, 2007, 131-144.
Наводи
Категорија:Средновековна македонска книжевност