Рахим Шакил Стерлинг (англиски: Raheem Shaquille Sterling; 8 декември 1994) — англиски фудбалер, крило на Арсенал и на англиската репрезентација.
Роден во Јамајка, Стерлинг се преселил во Лондон на возраст од пет години и ја започнал својата фудбалска кариера во пред да му се приклучи на Ливерпул во 2010 година. Во јули 2015 година, по подолг спор околу новиот договор, тој потпишал за Манчестер Сити во трансфер со потенцијална вредност од 49 милиони фунти, што е највисока сума некогаш платена за трансфер на англиски фудбалер.
Стерлинг го направил своето деби за сениорската репрезентација во ноември 2012, откако претходно играл и за неколку англиски младински селекции како репрезентациите под 16 години, под 17 години, под 19 години и под 21 година. Тој исто така ја претставувал Англија на две Светски првенства во 2014 и 2018 и Европското првенство во 2016 година.
Животопис Стерлинг е роден во областа Маверли во Кингстон, Јамајка и ги поминал неговите рани години таму. На возраст од пет години, тој емигрирал во Лондон со неговата мајка, и присуствувал и учел во Училиштето Копланд во Вембли, северозападен од Лондон. Неговиот татко бил убиен во Јамајка кога Стерлинг имал само девет години.
Технички одлики Десно крило, кое може ако е потребно да игра и на другата страна од теренот, како офанзивен играч од средниот ред, или втор напаѓач, иако најудобно се чувствува на позицијата десно крило."Raheem Sterling is maturing into a proper striker at Liverpool, insists Brendan Rodgers". The Daily Telegraph. London. Retrieved 11 January 2015"Analyzing the use of Liverpool starlet Raheem Sterling as the main striker" . World Soccer. Retrieved 11 January 2015"Raheem Sterling growing into elite striker, Brendan Rodgers says". ESPN FC. Retrieved 11 January 2015. Стерлинг е често пофален за неговата прилагодливост и способност да игра странично, и централно на врвот на дијамантот во средниот ред, нудејќи флексибилност. Тој е екстремно брз играч и често знае да се извлече на левата страна а потоа да влезе во средината за да се обиде да ја заврши акцијата со погодок или асистенција. Покрај тоа тој е познат по неговото темпо, низок центар на гравитација, и дриблинг. Тој исто така бил спореден со Алексис Санчес од неговиот поранешен менаџер од Ливерпул, Брендан Роџерс.
Клупска кариера Ливерпул 2010-2012; Рани години и деби за првиот тим мини|десно|Стерлинг во 2011 година Стерлинг бил доведен во академијата на Ливерпул од во февруари 2010 година од страна на менаџерот Рафаел Бенитес за надомест од 600,000 фунти, со можност за зголемување до 5 милиони фунти во зависност од тоа колку настапи ќе оствари за првиот тим.
Стерлинг во почетокот играл за младинскиот тим, а својот прв гол го постигнал во пријателски натпревар против Хиберниан што завршил 2-2. Неговиот прв натпревар во Премиер Академи лигата бил ремито 2-2 против Астон Вила, а својата прва победа ја доживеал на домашен терен против Бристол Сити една недела подоцна. На 15 декември, Стерлинг играл во младинскиот ФА куп во победата со 4-0 над Нотс Каунти. На 14 февруари 2011 година, Стерлинг постигнал пет голови во победа од 9-0 над Саутенд Јунајтед.
На 24 март 2012, Стерлинг го направил своето сениорско деби за Ливерпул влегувајќи како замена за Дирк Кајт во 85-тата минута од првенствениот натпревар против Виган Атлетик (1-2), на возраст од само 17 години и 107 дена, со што станал третиот најмлад играч кој играл за клубот. Тој имал уште два настапи во до крајот на сезоната, повторно како замена."Liverpool 0–1 Fulham". BBC Sport. 1 May 2012. Retrieved 10 June 2012."Liverpool 4–1 Chelsea". BBC Sport. 8 May 2012. Retrieved 10 June 2012.
2012-2013; Дебитантска сезона За сезоната 2012-2013 Стерлинг и официјално бил промовиран во првиот тим на Ливерпул со број на дрес 31. Во август 2012 година, тој го направил своето деби во европските натпреварувања за клубот, влегувајќи како замена на местото на Џо Кол во квалификациските за УЕФА Лигата на Европа против белорускиот Гомељ во победата на гости со 0-1. На 23 август 2012, го имал својот прв старт во почетните единаесет на Ливерпул во победата со 0-1 на гостувањето кај Хартс во уште еден натпревар од квалификациите за Лига Европа. Три дена подоцна го направил својот прв старт во лигата во ремито 2–2 на Енфилд против Манчестер Сити."Liverpool 2–2 Man City". BBC Sport. 26 August 2012. Retrieved 26 August 2012. Тој ги одиграл комплетните 90 минути во поразот од Арсенал на 2 септември, и во ремито против на 15 септември, каде што забележал една асистенција и бил избран за играч на натпреварот. На 20 октомври, Стерлинг го постигнал својот прв гол за Ливерпул, во 29-тата минута во победата со 1-0 против со удар од работ на шеснаесетникот. Како резултат на тоа, тој станал вториот најмлад играч кој постигнал гол во официјален натпревар за Ливерпул, останувајќи само зад Мајкл Овен.
На 21 декември 2012 година, Стерлинг потпиша продолжување на договорот со Ливерпул. Својот втор лигашки гол за клубот го постигнал на 2 јануари 2013 година, отворајќи го резултатот во победата со 3-0 против Сандерленд лобувајќи го голманот Симон Мињоле."Liverpool 3–0 Sunderland". BBC Sport. 2 January 2013. Retrieved 6 January 2013. Својата прва целосна професионална сезона ја завршил со вкупно 36 настапи (24 во Премиер лигата, 2 во куповите и 10 во Лига Европа) и 2 гола.
2013-2015; Вицешампион на Англија и добитник на наградата Golden Boy thumb|upright|left|Стерлинг игра за Ливерпул во 2013 На 27 август 2013, Стерлинг го постигнал својот прв гол за сезоната 2013-2014 во победата со 4-2 над Нотс Каунти во Лига купот. На 4 декември, Стерлинг го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата во победата со 5-1 над . Неговата добра форма во декември продолжила откако тој постигнал уште два гола во победите над (5-0) и (3-1). На 8 февруари 2014, тој постигнал два гола во победата со 5–1 над Арсенал на Енфилд, а на 13 април, го постигнал првиот гол за Ливерпул во победата со 3–2 над Манчестер Сити. Една недела подоцна, Стерлинг постигнал два гола и асистирал за уште еден во победата со 2–3 на гостувањето кај Норич Сити на Кароу Роуд. Добрата сезона Стерлинг ја затворил со вкупно 38 настапи и 10 гола во сите натпреварувања; 9 од неговите голови биле во Премиер лигата а на нив додал и 7 асистенции што го прави огромен неговиот придонес во освојувањето на вицешампионското место. По завршувањето на сезоната тој бил избран за Млад играч на годината на Ливерпул.
На 17 август 2014 година, Стерлинг го постигнал првиот гол за Ливерпул во сезоната 2014-2015, помагајќи им на црвените да дојдат до победата во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата над Саутхемптон со 2-1 на Енфилд."Liverpool 2–1 Southampton". BBC Sport. 17 август 2014. Пристапено 18 август 2014. На 31 август, Стерлинг го постигнал првиот гол во гостинската првенствена победа со 0–3 над Тотенхем на Вајт Харт Лејн и бил избран за играч на натпреварот. Тој исто така бил избран за играч на месецот август на Ливерпул.
На 16 септември, Стерлинг го направил своето деби во УЕФА Лигата на шампионите во победата со 2–1 над бугарскиот шампион Лудогорец Разград на Енфилд. На 14 декември 2014, го забележал својот 100-ти настап за Ливерпул во дербито против на Олд Трафорд во кое неговиот тим бил поразен со 3-0. На 17 декември, Стерлинг постигнал два гола во победата со 1–3 над на Дин Корт во четвртфиналето од Лига купот.
На 20 декември, Стерлинг бил избран за добитник на наградата Златно момче за 2014 година. "Се работи за напорна работа. Многу сум среќен што луѓето препознаваат дека напорно се трудам и работам да дадам се од себе за овој фудбалски клуб. Навистина сум благодарен што сум добитник на оваа награда" изјавил тој по добивањето на наградата. На почетокот на јануари 2015, менаџерот Брендан Роџерс му дал одмор на Стерлинг со цел да спречи играчот да се исцрпи, а овој го искористил тоа време да замине на одмор во својата родна Јамајка.
мини|Стерлинг (десно) игра за Ливерпул против Челси во 2015 На 20 јануари 2015, Стерлинг постигнал убав соло гол против Челси во првиот полуфинален натпревар од Лига купот одигран на Енфилд кој завршил нерешено 1–1; тој ги минал Немања Матиќ и Гари Кејхил пред да го совлада Тибо Куртоа. На 31 јануари, Стерлинг го постигнал првиот гол во победата со 2–0 над . Добрата негова серија продолжила и на 4 февруари, кога тој го постигнал изедначувачкиот погодок во победата со 1-2 на гостувањето кај на Стадионот Макрон и на 22 февруари, кога тој го постигнал вториот гол за Ливерпул во победата со 0–2 над Саутхемптон.
Во февруари 2015, Ливерпул му понудил нов договор на Стерлинг со кој според некој шпекулации би требало да заработува околу 100.000 фунти неделно, меѓутоа тој одбил да потпише одложувајќи ја процедурата за летото. На 1 април, самиот Стерлинг потврдил во едно интервју за БиБиСи, дека одбил да потпише нов договор со клубот, но негирал дека тоа било заради пари. Во меѓувреме тој го постигнал својот последен гол за сезоната на 13 април во победата со 2-0 над . Тој бил прогласен за Млад играч на сезоната на клубот на 19 мај, за втора година по ред, а кога ја добил наградата бил исвиркан од навивачите поради неговото одбивање за потпишување на нов договор; тој, исто така, заработил свирежи од трибините и на 7 јуни, додека играл за Англија во Даблин.
На 11 јуни, Ливерпул, наводно, ја одбил првичната понуда од 30 милиони фунти за Стерлинг од Манчестер Сити. Една недела подоцна, тие, наводно, ја отфрлиле и втората понуда од Сити вредна 40 милиони фунти, додека Ливерпул го проценувал својот крилен напаѓач на 50 милиони фунти. Стерлинг, наводно, подоцна побарал да биде изоставен од пресезонската турнеја на Ливерпул во Азија и пропуштил дводневен тренинг поради болест, што било пропратено со критики од поранешните играчи на Ливерпул, како Стивен Џерард, Џејми Карагер и Греам Сунес.
Манчестер Сити 2015-2016; Освојување на Лига купот и полуфинале во Лигата на шампионите На 12 јули 2015 година, бил договорен трансферот на Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити за почетна сума од 44 милиони фунти, со можност за уште дополинителни 5 милиони фунти, што би го направиле него еден од најскапите трансфери на сите времиња. На 14 јули, Стерлинг официјално станал играч на Манчестер Сити, откако потпишал петгодишен договор со клубот.. Своето деби го направил на 10 август, започнувајќи во почетната единаесеторка на Сити на гостувањето кај во првиот официјален натпревар на клубот за сезоната, во кој Стерлинг и неговите колеги победиле со 0-3. Деветнаесет дена подоцна, Стерлинг го постигнал својот прв погодок во дресот на Манчестер Сити во победата со 2–0 над Вотфорд на Етихад. На 17 октомври, Стерлинг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5-1 над .
мини|лево|Стерлинг игра за Манчестер Сити во 2016 година