Албиј Тибул (латински: Albius Tibullus, 55 п.н.е. - 19 п.н.е.) - староримски поет.

Животопис Иако нема точни податоци за местото на раѓање, се претпоставува дека Тибул се родил во Рим, во богато и угледно семејство. Тој бил убаво момче, со добра градба, воспитан и образован. Некое време бил војник, но набргу ја напуштил воената служба. Подоцна, му бил придружник на Месала, во неговиот воен поход, но е разболел на Крф и се вратил во татковината.„Albije Tibul“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 98.

Творештво Уште во раната возраст, Тибул покажал дарба за пишување и напишал песна посветена на Месала, еден од највлијателните луѓе во Рим, кој ги ценел и ги помагал писателите. За разлика од Вергилиј и од Хорациј, Тибул никогаш во своите песни не го споменал царот Октавијан Август, ја проколнувал војната и го опеал мирниот селски живот. Од неговото творештво се сочувани четири книги (од кои само за првите две недвосмислено се знае дека се неговот дело) со елегии (во елегиски дистих)Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 110. во кои ги осудува војните, го фали идиличниот селски живот и пее за своите сакани жени: едната се викала Планија, а во песните ја нарекол Делија, другата била Немесис, а третата била Глицера.„Objašnjenja“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 105. Сите неговии елегии имаат буколиски карактер. За него, Квинтилијан рекол: „Во елегијата можеме да се натпреваруваме со Хелените, а ми се чини дека во неа најубав и најдобар е Тибул.“ Првите пет елегии му се најубави, а тие се посветени на Делија. И неговите современици го читале и го почитувале Тибул, за што сведочи Овидиј, кој во една своја песна вели: „Додека има љубов и аморови стрели, твоите стихови, Тибуле, ќе се читаат.“„Albije Tibul“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 98-99. Тибул ја ослободил елегијата од александриската ученост и во неа внел длабоко лично чувство, со што ја приближил кон старата јонска елегија. Основната одлика на неговата елегија е еден вид мека тага на која тој умеел да ѝ даде силен личен печат. Поради тоа, повеќе римски поети го прогласиле Тибул за најголем римски елегичар.Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 111.

Наводи

Категорија:Римски поети Категорија:Писатели на латински јазик