Дерматит или егзема — општ термин кој опфаќа повеќе кожни болести. Зборот дерматит потекнува од грчкиот јазик и значи воспаление на кожата. Овие заболувања се одликуваат со јадеж, црвенило и осип. Доколку состојбата е краткотрајна, можна е појава на мали меури, додека кај долготрајни случаи можно е задебелување на кожата. Зафатената површина на кожата може да варира од мала до цело тело.
Дерматит е алергиска реакција предизвикана од специфични алергени. На пример, кога кожата доаѓа во контакт со коприва тоа всушност обично предизвикува дерматит. Во главно, најкарактеристичните дерматити се: Себороичен дерматит Атопичен дерматит (Екзема) - општиот збор дерматит понекогаш се користи во именувањето на оваа болест.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Автоимуни болести Категорија:Кожни болести Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ