Мадс Педерсен (; р. ) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Во септември 2019 година го освоил Светското друмско првенство во Јоркшир, Англија, и станал прв дански возач кој го освоил првенството во друмска категорија.
Кариера
мини|лево|Педерсен на Џиро д’Италија 2017.
Во 2013 година, Педерсен ја освоил трката Париз-Рубе за јуниори и го освоил сребрениот медал на Светското јуниорско друмско првенство. Педерсен ја освоил Гент-Вевелгем под 23 години, Трката околу Норвешка под 23 години и етапа на Тур де л’Авенир пред да стане професионалец.
Трек-Сегафредо (2017-денес)
Во август 2016 година, објавиле дека потпишале со Педерсен до 2018 година.
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017. Исто така, станал национален првак на Данска и ја освоил трката Тур ди Поату Шарант откако го освоил хронометарот. Во септември 2017 година, Педерсен ја освоил Трката околу Данска.
Во април 2018 година завршил на второто место на Трката околу Фландрија откако го следел бегството. Педерсен нападнал пред Копенберг на само 50 километри до целта и му се приклучил Дилан ван Барле () и Себастијан Лангевелд (). Крајниот победник Ники Терпстра () го достигнал и го поминал Педерсен на последното качување на Ауде Кваремонт и ја освоил трката, но Педерсен успеал да се одржи пред светскиот првак Петер Саган () и да биде на подиумот како најмлад возач во последните 40 години.
На 29 септември 2019 година, Педерсен го освоил Светското друмско првенство во врнежливи услови во Јоркшир, Англија. Тој бил прв дански возач кој го освоил првенството во друмска категорија.
Достигнувања
2012 1. 20п Краен пласман Трка околу Истра 1. Етапа 3 1. 20п Краен пласман Трофео Карлсберг 1. Етапа 3а (ITT) 1. 20п Краен пласман Синт-Мартинуспрејс Контих 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Пролог 1. Етапа 4 2013 1. Париз-Рубе за јуниори 1. 20п Краен пласман Мировна трка за јуниори 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2a (ITT) 1. Етапа 4 1. 20п Краен пласман Трофео Карлсберг 1. Етапа 3a (ITT) 1. Етапа 3b 1. Етапа 4 1. Етапа 4 Синт-Мартинуспрејс Контих 1. Аубел-Тимистер-Ла Глајзе 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 4 Гран при Рибиланд 1. Етапа 4 Џиро дела Луниџана 2. 15п Светско друмско јуниорско првенство 2014 1. Ешборн-Франкфурт под 23 години 3. Национално хронометарско првенство под 23 години 2015 1. Етапа 2 Тур де л’Авенир 2. Краен пласман ЗЛМ Ромпот Тур 1. Етапа 2 (TTT) 1. Етапа 3 6. Краен пласман Четири дена Динкерк 6. Ла Кот Пикард 8. Краен пласман Трка на Фјордовите 9. Трка околу Фландрија за младинци 2016 Трка околу Норвешка 1. 20п Планински пласмна 1. Етапа 3 1. Фиен Рунт 1. Катекурс 7. Трофеј Пореч 8. Краен пласман Три дена Де Пане 2017 1. 20п Национално друмско првенство 1. 20п Краен пласман Трка околу Данска 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 1. 20п Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 4 (ITT) 2018 1. Тур де л’Еурометропол 1. Трка Фјен 1. Етапа 2 Хералд Сан Тур 1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Данска 2. Трка околу Фландрија 5. Дварс дор Вландерен 7. ГП Хорсенс 2019 1. 20п Светско друмско првенство 1. Гран При д’Изберг 2020 1. Етапа 2 Трка околу Полска 7. Трка Торкеј
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Дански велосипедисти