Публиј Папиниј Стациј (латински: Publius Papinius Statius) - римски поет.
Животопис Стациј се родил во 40. година, во Неапол, каде се школувал, а умрел во 96. година.„Publije Papinije Stacije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 103.
Творештво Стациј бил талентиран поет и многу образован човек, поради што стекнал голем углед во Рим. Од него се сочувани два митолошки епа и зборник со пригодни песни: Епот „Тебаида“ (Thebais) се состои од 12 песни, а ја опејува борбата меѓу Етеокле и Полиник за власта над Теба. Ова дело, во кое се чувствува силно влијание на епот на Вергилиј „Енеида“, било многу читано во средниот век. Епот „Ахилеида“ (Achilleis) се состои од две книги и го опишува престојот на Ахил во Скира. Епот не е довршен поради смртта на Стациј, кој планирал во него да го опише целиот живот на Ахил. Збирката „Шуми“ (Silvae) се состои од пет книги со подолги и пократки пригодни песни, и тоа: за родендени, за венчавки, за разделби, за самовили итн.„Publije Papinije Stacije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 103-104.
Наводи
Категорија:Римски поети Категорија:Писатели на латински јазик Категорија:Родени во 45 година Категорија:Починати во 96 година