Lost and Found (македонски: Изгубени и пронајдени) е песна на македонскиот бенд Eye Cue (Ај Кју). Песната била избрана да ја претставува Македонија на Евровизија 2018.Информации за музичкото портфолио на „Eye Cue“ може да се најдат на ВБУ Музички Регистар (www.muzichkiregistar.com ) Песната била избрана во конкуренција од 382 композиции што пристигнале на меѓународниот јавен повик за избор за песна на Евровизија распишан од страна на македонската радиотелевизија (МРТ).„Еye Cue“ со „Lost and Found“ ќе ја претставуваат Македонија на Изборот за песна на Евровизија- Лисабон 2018 МРТ; 13 февруари 2018

Автор на музиката и текстот на песната е Бојан Трајковски, додека за аранжманот се погрижил Дарко Димитров. Песната била дигитално издадена на 11 март 2018 година преку Apple Music заедно со караоке верзијата. Музичкиот спот за „Lost and Found“ бил издаден истиот ден преку официјалниот евровизиски YouTube канал.

На 30 март 2018 година, на својот YouTube канал, Eye Cue ја промовирале акустичната верзија на „Lost and Found“.„Ај кју“ нè почестија со акустична верзија на евровизиската „Lost аnd Found“ radiomk.com; 30 март 2018

Наводи

Надворешни врски Официјален спот на YouTube

Категорија:Македонски песни за Евровизија