Златно јајце со часовник — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено од страна на Август Холмстрем под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1887 година. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1887 година. Јајцето било создадено во стил на Луј XVI и се состоело од 18 каратна златна кутија потпрено на златен прстен со брановити украси поставена на три нозе кои завршуваат како лавји шепи. На овие нозе се фестони од рози и ливчиња направени од различни обоени златни легури и во средината на секоја страна со овални сафири. Над секој сафир има златна машна украсена со низа ситни дијаманти, а на предната страна на јајцето има еден поголем дијамант. Јајцето било изгубено со години, но повторно било откриено во 2012 година. Повторното откривање на ова јајце било јавно објавено во повеќе статии од весниците во 2014 година.

Изненадување

Часовник од 14 каратно златно со бел емајл и дијамант.

Изложби

март 1902 г. во Санкт Петербург 14–17 април 2014 во Лондон

Поврзано Фабержеови јајца

Наводи

Категорија:Фабержеови јајца Категорија:Дела од 1887 година