Хедепер () — општина во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија
Волфенбител се наоѓа околу 15 километри северозападно од Хедепер. Општината е составена од Вецлебен (146 жители) и Хедепер (401 жител).
Историја
Обете општини Вецлебен и Хедепер биле споени во една општина во 1974 година. Хедепер бил споменат во пишан документ за првпат во 1188 година, а Вецлебен уште во 994 година.
Култура и знаменитости
Како знаменитост на Хедепер е старата ветерница, западно од селото. Била изградена во 1900 година и се користела до 1956 година.
Селската црква била обновена во 2002 година.
Стопанство и инфраструктура
Жителите главно работат во околните поголеми градови.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Волфенбител (округ)