Близнаци — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Опис Лице На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Близнаци. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
Опачина Во горниот дел од опачината е претставена слика на близнаци од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на бикот и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Близнаци. Во долниот дел е претставена глава на златен бик врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – „GEMINI“, а на левата страна ознаката „Ag925“.
Поврзано Близнаци (соѕвездие) Близнаци (хороскопски знак)
Наводи
Надворешни врски Кована пара за колекционерски цели: „Близнаци“ — НБРМ
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ