Гвозданско () — некогашна тврдина кај селото Гвозданско, средна Хрватска. Се наоѓа помеѓу Двор и Глина во Сисачко-мославинската жупанија, и недалеку од тврдината Зрин.
Историја Тврдината е изградена во втората половина на XIV век, за да се заштитат рудните права на хрватското благородничко семејство Зрински, а првпат се среќава во документ од 1488 г. Кнезот Никола III Зрински и неговиот син Никола Шубиќ Зрински често доаѓале во Гвозданско за да вршат смотра на рудниците и ковницата.
Османлиите се обиделе да го заземат Гвозданско на неколку наврати. Направени три обиди — во 1561 г. под водство на Малкоч-бег, во 1574 г. под водство на Ферхад-бег и во 1576 г. на чело со Капиџи-паша. Конечната опсада на Ферхат-паша Соколовиќ се случила од 3 октомври 1577 до 13 јануари 1578 г. со 10.000 војници и била многу подобро приредена. Оваа опсада завршила на 13 јануари 1578 г. со победа на Османлитие, кои потоа владееле со подрачјето сè со 1718 г.
Поврзано Опсада на Гвозданско Список на тврдини и замоци во Хрватска
Наводи
Категорија:Тврдини во Хрватска Категорија:Дворци во Хрватска Категорија:Сисачко-мославинска Жупанија