Основно училиште „Мануш Турновски“ (официјално: Основно општинско училиште „Мануш Турновски“ - Ново Село; скратено: ООУ „Мануш Турновски“) — централно основно училиште во струмичкото село Ново Село, Општина Ново Село.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер и војвода Мануш Турновски.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на Ново Село, веднаш до државниот пат А4, кој минува низ селото.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Мануш Турновски“ - Ново Коњарево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Мануш Турновски“ - Самоилово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Мануш Турновски“ - Старо Коњарево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Мануш Турновски“ - Дражево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Мануш Турновски“ - Смолари, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Мануш Турновски“ - Зубово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Мануш Турновски“ - Сушица, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Ново Село Категорија:Ново Село (Струмичко) Ново Село Категорија:Основни училишта во Македонија