Френк Овен Гери, (), роден Френк Овен Голдберг (Frank Owen Goldberg; - )Reinhart, Anthony (July 28, 2010) "Frank Gehry clears the air" , Globe and Mail — американски архитект роден во Канада, кој живее и работи во Лос Анџелес.
Голем број од неговите згради, вклучувајќи го неговиот приватен дом, станаа светски познати знаменитости. Неговите дела се сметаат за едни од најважните на современата архитектура во анкетата World Architecture Survey спроведена од страна на Vanity Fair во 2010, во која беше наречен и "најважниот архитект на нашето време".
Најпознатите дела на Гери вклучуваат музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија; Концертната сала Волт Дизни во центарот на Лос Анџелес; Луи Витон фондацијата во Париз, Франција; МИТ Реј и Марија Стата центар во Кембриџ, Масачусетс; Вонц центарот за молекуларни студии на кампусот на Универзитетот на Синсинати; Музеј на поп-културата во Сиетл; концертната хала Нов светски центар во Мајами Бич; Вајсман музејот на уметноста на Универзитетот на Минесота во Минеаполис; Танцувачката куќа во Прага; Витра дизајн музејот и Марта Херфорд музејот во Германија; Уметничката галерија на Онтарио во Торонто; Cinémathèque Française во Париз; и 8 Spruce Street во Њујорк.
Неговата кариера започна по изведбата на неговиот приватен дом во Санта Моника, Калифорнија. Гери, исто така, е проектант на идниот национален Меморијал на Двајт Д. Ајзенхауер.for the design, see: "Dwight D. Eisenhower Memorial: Design"
Почетокот на животот лево|мини|325x325пкс|Резиденција Гери во Санта Моника, Калифорнија (1978) Френк Гери е роден Френк Овен Голдберг на 28 февруари 1929 година, во Торонто, Онтарио. Негови родители биле Седи Телма (родена Каплан) и Ирвинг Голдберг. Неговиот татко е роден во Бруклин, Њујорк, на родители кои биле руски Евреи, а неговата мајка беше Еврејка родена во Лоѓ.Finding Your Roots, February 2, 2016, PBSGorin, Abbott (Spring 2015) "A Golden Age of Jewish Architects" Jewish Currents Гери беше креативно дете, во што беше охрабруван од неговата баба, Леа Каплан,Ouroussoff, Nicolai (October 25, 1998) "I'm Frank Gehry, and This Is How I See the World" Los Angeles Times Magazine со која градел мали футуристички градови и замислени куќи на подот од дневната соба од остатоци од дрво што Леа ги наоѓала во продавницата за алати на нејзиниот сопруг.
Неговата употреба на брановиден челик и необоена иверица и други утилитаристички и „секојдневни“ материјали беше делумно инспирирана од сето време што го минувал во продавницата за алати на дедо му. Тој поминувал време цртајќи со неговиот татко, а неговата мајка го запознала со светот на уметноста. „Па, креативните гени беа таму“, вели Гери. „Но, татко ми мислеше дека сум само сонувач, и дека нема да постигнам ништо. Мајка ми беше таа која сметаше дека бев само повлечен. Таа ме туркаше.“
Од страна на неговиот дедо му беше дадено хебрејското име „Ефрем“, но истото било искористено само за неговата бар мицва.
Образование Во 1947 година, неговото семејство се доселило во САД, населувајќи се во Калифорнија. Гери се вработил како возач на камион за испораки, а студирал на Лос Анџелес сити колеџ, и дипломирал на Школата за архитектурата на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Во тоа време, тој станува член на Алфа Ипсилон Пи.
Кариера мини|350x350пкс|Зграда „Двоглед“ во Венеција, Калифорнија (1991) мини|350x350пкс|Дел од кровот на зграда на Луи Витон фондацијата, гледана од Булоњската шума во Париз, Франција (2016) мини|301x301пкс|Концертната хала Нов светски центар во Мајами Бич, Флорида (2011) мини|499x499пкс|Кулата на 8 Spruce Street во долен Менхетен, завршена во февруари 2011 година, има фасада од не'рѓосувачки челик и стакло, и има 76 катови (2011) Во 1961, тој се преселил во Париз, каде работел за архитектот Андре Ремонде.Goldberger (2015), pp.110-111 Lazo, Caroline Evensen (2006) Frank Gehry. Twenty-First Century Books Hawthorne, Christopher (October 8, 2014) "In Paris, a Passion for All Things Frank Gehry" Los Angeles Times Во 1962, Гери воспоставува биро во Лос Анџелес, кое станува Frank Gehry and Associates во 1967 година, a потоа Gehry Partners во 2001 година.Gehry Partners, LLP website Грешка во шаблонот „Семарх“: Проверете ја вредноста |url=. Празно. Најраните порачки на Гери биле сите во јужна Калифорнија, каде тој дизајнирал голем број на иновативни комерцијални структури како што е трговскиот центар Санта Моника Плејс (1980) и станбени објекти, како што е ексцентричната Куќа Нортон (1984) во Венеција, Калифорнија.
Помеѓу цело ова творештво, сепак, можеби најзначаен дизајн на Гери може да биде реновирањето на неговата сопствена куќа во Санта Моника, Калифорнија. Првобитно изградена во 1920 и купена од страна на Гери во 1977, куќата е опремена со метална фасада обвиткана околу оригиналната зграда која остава многу од изворните детали видливи. Гери сè уште живее таму.
Други завршени згради дизајнирани од страна на Гери во текот на 1980-тите вклучуваат Морскиот аквариум Кабриљо (1981) во Сан Педро и Воздушно-космичкиот музеј на Калифорнија (1984), при Музејот на науката и индустријата на Калифорнија во Лос Анџелес.
Во 1989 година, на Гери му беше доделена на Прицкеровата награда. Жирито го опишало Гери како „Секогаш отворен за експериментирање, тој исто така има и сгируност и зрелост која се спротивставува, на истиот начин на кој и Пикасо, да биде врзана од какво било критичко прифаќање или од неговите успеси. Неговите згради се спротивставени колажи на простори и материјали поради кои корисниците можат го ценат театар и бекстејџот, кои се истовремено откриени.“
Иако Gehry продолжил да дизајнира и други значајни објекти во Калифорнија, како што е зградата „Двоглед“ (1991) во Венеција, Калифорнија, во соработка со Клас Олденбург, која е добро позната по масивната скулптура на двоглед, тој започнува да добива поголеми национални и меѓународни порачки. Тие ја вклучуваат и првата европска порачка на Гери - Меѓународната фабрика за мебел Витра и Музејот на Дизајн во Германија завршени во 1989. Ова наскоро беше проследено со другите големи проекти, вклучувајќи ги и Музејот на уметност Фредерк Вајсман (1993) во Минеаполис, Минесота, Cinémathèque Française (1994) во Париз, и Танцувачката куќа (1996) во Прага.
Во 1997, Гери достигна ново ниво на меѓународни признанија со отворањето на Музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија. Наречен, од страна на Њујоркер „ремек-дело на дваесеттиот век“ и од страна на легендарниот архитект Филип Џонсон „најголемата зграда на нашето време“, музејот стана познат по својот впечатлив, но воедно и естетски префинет дизајн и економскиот ефект кој истиот го имаше врз градот.
Од тогаш, Гери редовно освојува големи конкурси и дополнително се има поставено себеси како еден од најзначајните светски архитекти. Неговите најдобри примени дела вклучуваат неколку концертни сали за класична музика, како што е жестоката и заоблена Концертна сала Волт Дизни (2003) во Лос Анџелес, која претставуваше централна точка на ревитализацијата на соседството, и која Лос Анџелес Тајмс ја назначи „најефективниот одговор кој американски архитект им го има дадено на сите критичари кои се сомневаа и негодуваа“, отворениот Џеј Прицкер павилјон (2004) во непосредна близина на Милениумскиот парк во Чикаго, и концертната сала Нов светски центар (2011) во Мајами Бич, која ЛА Тајмс ја нарече „парче архитектура кој те осмелува да ја потцениш или отфрлиш на прв поглед."
Други значајни проекти на Гери вклучуваат академските згради Стата центарот (2004) На МИТ и библиотеката Петар Б. Луис (2008) на Принстон, Музејот на поп-културата (2000) во Сиетл, Вашингтон, и комерцијалната зграда на IAC (2007) во Њујорк, и првиот облакодер на Гери, станбената кула Бикман на 8 Spruce Street (2011) во Њујорк.
Архитектонски стил Творештвото на Гери „се спротивставува на категоризација“, и го одразува духот на експериментирањето споен со почитувањето на барањата на професионалната пракса и останува во голема мера неврзано со пошироките стилски тенденции и движења. Иако неговите најрани образовни влијанија се вкоренети во модернизмот, творештвото на Гери се обидува да избега од модернистичките стилски тропи, додека сè уште останува заинтересирано во некои од основните трансформативни агенди на модернизмот. Постојано работејќи помеѓу дадените околности и непредвидени материјализации, Гери бил оценет како некој кој „не направи да произведуваме згради, кои се забавни, скулптурално возбудливи, добри искуства“, иако неговиот пристап може да стане „помалку релевантен како што расте притисокот да се постигне повеќе со помалку“.
Гери е понекогаш се поврзува со она што е познато како „лосанџелеска архитектонска школа“ или „сантамониканска архитектонска школа“. Колку ова назначување е соодветно, а воедно и постоењето на оваа школа, сепак останува контроверзни поради недостатокот на унифицирана филозофија или теорија. Името на оваа школа произлегува од фактот што Лос Анџелес произлегла групата највлијателни посмодерни архитекти, вклучувајќи значајни современици на Гери како што се Ерик Овен Мов и добитникот на Прицкерова награда Том Мејн ид Morphosis, како и на познатите училишта за архитектура на SCI-Arc (ко‑основана од страна на Мејн), UCLA, и USC каде Гери е член на одборот на директори.
Стилот на Гери на моменти се чини дека е недовршен, дури и суров, но неговото творештво е во согласност со калифорниското „фанк“ уметничко движење во 1960-тите и почетокот на 1970-тите, кое вклучувало употреба на евтини најдени предмети и нетрадиционални медиуми, како глината за правење сериозна уметност. Гери е наречен „апостол на синџир-оградата и брановидната метална обвивка“.Adams, B. (1988) "Frank Gehry's Merzbau". Art in America 76: pp.139–144 Сепак, со ретроспективната изложба во њујоркшкиот Витни музеј во 1988 година, се покажал и како еден софистициран класичен уметник, со длабоко познавање на историјата на европска уметност, современа скулптурата и современо сликарството.
Галерија
Билбао ефектот десно|мини|350x350пкс|Гугенхајм музејот во Билбао, Шпанија По феноменалниот успех на Гериевиот дизајн за Музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија, уметничките критичари започнаа да економската и културната ревитализација на градовите низ иконична, иновативна архитектура да ја опишуваат како „Билбао ефект“. Во првите 12 месеци по отворањето на музејот, околу 160 милиони долари беа додадени на баскиската економија. Навистина, над 3,5 милијарди долари се додадени на баскиската економија од отворањето на оваа зграда. Во следните години имало многу обиди да се реплицира овој ефект преку големи монументални архитектонски порачки кои се покажале и како успешни и како неуспешни, како што се проширувањето на Уметничкиот музеј во Денвер на Даниел Либескинд, и некои објекти од самиот Гери, како што е универзално добро примената Концертна сала Волт Дизни во Лос Анџелес и поконтроверзниот Музеј на поп-културата во Сиетл. Иако некои концептот на „Билбао ефектто“ го врзуваат и со поимот стархитектура, Гери постојано ја отфрла етикетата на стархитект.
Критики Иако голем дел од Гериевиот опус е добро примен, критиката кон неговото творештвото не е секогаш позитивна. Читањето на историчарот на уметност Хал Фостер на архитектурата на Гери е дека таа, пред се, е во служба на корпоративното брендирање. Критики кон неговите дела вклучуваат жалби за различни недостатоци во дизајнот, како што е неекономичното трошење на структурални ресурси преку создавање на нефункционални форми, впечатокот дека неговите згради не припаѓаат во нивната локација и не го подобруваат јавниот контекст на нивната околина, и се проектирани без земање предвид на локалната клима.Speck, Jeff (2012) Walkable City: How Downtown Can Save America, One Step at a Time New York: North Point Press. pp.243-45.