Колубарска битка или Сувоборска битка — најзначајната битка помеѓу војска на Србија и Австроунгарија во Првата светска војна. Водена е во новември и декември 1914 година, на фронт од преку 200 километри.

Завршена е со успешна контра офанзива што ја извеле силите на Прва стпска армија под команда на генералот Живојин Мишиќ, против бројно и во воена опрема многу посилната австроунгарската војска. Битката се одвивала во време кога целиот свет очекувал вест за капитулација на Кралството Србија. Битка во сите фази имала одлики на рововска војна.Душан Т. Батаковић - Никола Б. Поповић, Колубарска битка, Литера, Београд 1989. По победата на српската војска na Колубарската битка, на српскиот фронт до почеток на есен во 1915 година владеело затишје. По завршување Србија ја зафатил проблем на голема епидемија на тифус која попримила огромни размери во 1915 година и дополнително ѝ нанела огромни човечки штети на земјата.

Вовед мини|Шабац по австроунгарското бомбардирање, 1914 година Со поразот во операцијата околу Дрина (Битка на Мачков камен), српската војска се нашла во тешка положба и била присилена на повлекување под борба, соочена со недостаток на артилеријска муниција, недостаток на храна, облека и обувки, што претставувало голем проблем со паѓање на морал. Заедно со војска пред ужасите и ѕверстватаРодолф Арчибалд Рајс о злочинима Аустроугаро-Бугаро-Немаца у Србији 1914–1918, стр. 60-61. на австрпунгарската војска се повлекувал и народот, што дополнително ја компликувало целата ситуација при повлекувањето.В. Ћоровић, Односи између Србије и Аустро-Угарске у ХХ веку, Белград, 1936, Многу српски војници од краиштата што австроунгарската војска ги зазела заминувале за да ги повлечат своите семејства со коишто се враќале. Моралот на војската бил на најниско ниво, а тоа укажувало дека српската војска и самото Кралство Србија се пред пропастDr. Ferenc Pollman, „Austro-hungarian Atrocities against Serbians during the WWI (Šabac, 17 th of August, 1914)“, и дека нема можности да се запре напредувањето на австроунгарските сили. Временските услови, постојани врнежи и стидот биле дополнителен проблем бидејќи војската немала шаторки платна и била постојано мокра. Но токму таа каллива почва и уништени патишта на стпската војска ќе ѝ станат важен сојузник во претстојниот судир.Поповић, Никола Б. (2000). Срби у Првом светском рату 1914—1918. Нови Сад: Друштво историчара Јужнобачког и Сремског округа.

Ноќта на 14 ноември командантот на Првата армија, генерал Петар Бојовиќ бил ранет и заради тоа повлечен од должноста. На његово месесто е поставен генерал Живојин Мишиќ, дотогашен помошник на начелникот на штабот на Главната команда Радомир Путник, инаку човек роден на Сувобор.

Аустроугарска Балканска војска

Главниот командант на австроунгарска војска бил надвојвода Фридрих фон Хабсбург, а начелник на штабот на Главната команда Конрад фон Хацендорф. Вкупна сила на Австроунгарската Балканска војска изнесувала околу 400.000 војници и 400 топови. Балканската војска не била подредена на началникот на Австроунгарскиот генерал штаб, туку била под директна команда на главниот командант.

Петтата армија броела 82 батлјони, 11 ескадрони на коеаница и 43 батерии, под команда на генералот Либоријус фон Франк. Шестата армија броела 160 баталјони, 12 ескадрони и 84 батерии, под команда на фелдцојгмајстерот Оскар фон Почорек. Групата на Шњариќ и Хаусер, една бригада и 15 баталјони на пешадија, била сместена на горниот дел на Дрина во близина на Фоча.

Српска војска

Во пресрет на Колубарската битка Српска војска броела околу 270.000 војници, 426 топови и 180 митралези. Главниот командант бил регентот Александар I Караѓорѓевиќ, а начелник на штабот на Главната команда војводата Радомир Путник. мини|Колубарска битка, 1914 Обреновечкиот одред, се состоел од пет полкови и пет самостојни баталјони на припадниците од трет повик, Скопски баталјон,со 10.000 војници, 26 топови и 8 митралрзи, под команда на потполковник Милисав Лешјанин, подоцна полковник Душан Туфегџиќ. Втората армија, Коњаничка дивизија на полковникот Бранко Јовановиќ, Шумадиска дивизија, војска од првиот повик, под команда на полковникот Војислав Живановиќ и Моравската дивизија, војска од првиот повик под команда на генералот Илија Гојковиќ. Втората армија броела 88.000 војници, 138 топови и 66 митралези, под командом на војводата Степа Степановиќ. Третата армија, Тимочка дивизија со војска од вториот повик, под команда на полковникот Мирослав Милисављевиќ, Дринска дивизија со војска од вториот повик, под команда на полковникот Крста Смиљаниќ, Дринска дивизија со војска од првиот повик, под команда на полковникот Никола Стевановиќ) и Комбинирана дивизија на генералот Михаило Рашиќ. Третата армија била со сила од 65.000 војници, 80 топови и 40 митралези, под команда на генерал Павле Јуришиќ Штурм. Првата армија, Моравска дивизија со војска од вториот повик, полковник Љубомир Милиќ, Дунавска дивизија со војска од впрвиот повик, полковник Миливоје Анѓелковиќ Кајафа, Дунавска дивизија со војска од вториот повик, полковник Милош Васиќ. Прва армија била со сила од 54.000 војници, 80 топови и 40 митралези, под команда на генералпт Живојин Мишиќ. Ужичката војска, Шумадиска дивизија со војска од вториот повик, полковник Драгутин Миловановиќ, Ужичка бригада, полковник Иван Павловиќ и Лимски одред , полковник Јеврем Михаиловиќ. Ужичка војска била со сила од 32.000 војници, 55 топови и 15 митралези, под команда на генералот Вукоман Арачиќ. Одбраната на Белград, три полка со војска од вториот и третиот повик, два ескадрони коњаница, со сила од 19.000 војници, 47 топови и 10 митралези, под команда на генералот Михаило Живковиќ.

Распоред на силите пред битката Австроунгарска војска

Петтата армија на Австроунгарска Балканска војска имала главна задача да ги освои врвовите на планини на десниот брег на Колубара и да ја обезбеди железницата Обреновац-Ваљево. Шестата армија на свстроунгарската војска имала задача да се групира во простор на Ваљево и да нападакон југот преку Маљен и Сувобор. Групата на Шњариќ и Хаусер имала задача да ја вонемирува Ужичката војска и во поволен миг да ја премине реката Дрина. Австроунгарски воен план бил да завладее со врвовите десно од Колубара, да ја преземе железничката пруга Ваљево-Лајковац-Обреновац, за да може безбедно да дотура материјал на Балканската војска, а потоа да го освои Белград и дапродолжи продор кон југ во правец на Голема Морава. Планот предвидувал освојување на Белград на 20 ноември. Потоа поголемиот дел на сили да се префрли во правец на Морава. Главниот удар на српските позиции на Колубара требало да ги изведе Петаата армија, потпомогната од 13 корпус на Шестата армија. Главнина на Шестата армија имала задача да регне кон Белград и од север да го стегне обрачот.

Српска војска Обреновечки одред имал заземено положби на десниот брег на Колубара, од нејзиното устие во Сава до устиеро на Марица во Колубара, одред имал задча да запре секаков продор на десниот брег на Колубара. Втората армија го зазела фронтот од устието на Марица во Колубара, до устиеро на реката Грабовица во Љиг, имала задача истрајно да го брани овој дел на фронтот. Третата армија се наоѓала на позиција од устието на Грабовице во Љиг до рекеата Качер, со задача да го брани средишниот дел на фронтот. Првата армија го запоседнала фронтот во насока Гукоши-Медник-Баќенац-Руда-Маљен, со задача да ги брани сите приоди преку Сувобор и Маљен кон Горни Милановац и Чачак. Ужичката војска го зазела јужното крило на фронтот, со задача да го одбрани непријателскиот продор кон Ужице. Одбраната на Белград го зазела фронтот фронт во правец Гроцка-Белград-Остружница-Обреновец, со главна задача да го одбрани Белград по секоја цена. мини|Српска артилерија во рововите на фронтот

Австроунгарска Балканска војска со околу 200.000 војници на 16 ноември 1914 година тргнала во општ напад на фронтот на српските армии.

Српската војска добила задача рововите штоповеќе да ги доближи до рововире на непријателот, за да го оневозможи користењето на посилната артилерија во страв да не ги погодат сопствените ровови.

Текот на битката

Прва фаза на битката - Дефанзива (16—30 ноември)

Колубарска битка започнала со повлекување на српските трупи на десниот брег на Колубара и реката Љиг , и кога според наредбата на главната команда почнале да ги утврдуваат положаите, во обид тука да го запрат продирањето на австроунгарските сили. Мостовите на Колубара биле порушени, бидејќи стпската команда, познавајќи го теренот, знаела дека надојдените реки и калливи брегови ќе им бидат од полза во задржување на непријателот.Бранислав Нушиќ, Деветсто петнаеста, Просвета, Белград, 1978. Главната команда издава наредба дека котата Човка мора по секоја цена да се задржи, зашто планирале од неа да ја започнат контраофанзивата. Воената фронтовска состојба била ужасна, под постојан оган дење, во студ и вода ноќе. Мокри, гладни и смрзнати и со недоволно оружје, српски војници успеале да ги задржат Австроунгарците поради лошата проценка на Оскар Почорек дека тука е стационирана српска заштитница поради што тој во борбата ги воведуваа 15 и 16 корпус на Петтата армија.

Наплив на новиите сили ја принудил Првата армију да се повлекива и таа, ноќе на 22 ноември. зазема нови позиции на истурените катпи на Сувобор, но веќе на пладне на линија на фронтот доаѓаат австроунгарски сили. Живојин Мишиќ започнува да планира противнапад од Сувоборските положи, но поради тешката состојба во Маљенскиот одред се откажува од таа идеја, што се покажало како добра проценка бидејќи веќе на 24 ноември во очајнички борби Маљенскиот одред бил разбиен, а неговиот командантзагинал. Овој пораз го принудува левото крило на Првата армија на повлекување. Во страотни борби австроунгарски трупи ја заземаат и котата Човка, поради што Моравскта дивизија се повлекува, а со тоа и десното крило на Првата армија е принудено на повлекување. Поради загуба на линијата на фронтот српската главна команда одлучва да изврши подготовки за повлекување на нови позиции, а своето седиште го преместува од Белград во Крагуевац. Као последни обид да се запре непријателскиот продор на Обреновечкиот одред му е издадена директива да изврши напад на Аустроугарците кај Конатице и Степојевац, а на Втората армији да го помогне овај напад. мини|Српска војска маршира во противнапад - Колубарска битка

Проценката на Австроунгарската страна за состојбата била повеќе од задоволителна и било наредено утврдување за да се намалат брспотребни губитоци, а потоа да се тргне на Белград и кон Морава.

Српската страна пак добива извештај кој пак сведочи за очајна состојба на австроунгарската војската: глад, мал број активни офицери, лошо снабдевање; за состојбата на српската војска се вел дека се одморила по три дена без борби, дека на фтонтот пристигнала артилериска муниција и дека моралната состојба е подобрена.

Врз основа на состојбата во Првата армија и извештајот, генерал Живојин Мишиќ издава наредба во тек на 2 декември да се изврши групирање на трупите на десното крило и да започнат подготовки за противнапад, кој би започнал на 3 декември. И австроунгарската војска изведува прегрупирање според својот план и во реонуот наЛиспена и Голупца доаѓа у судир со српските предстражи.