Антонио Спасев (5 јуни 1967, Св. Николе) – македонски новинар. Животопис Антонио Спасев е роден на 5 јуни 1967 година во Св. Николе. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1991 година.
Новинарска кариера Спасев ја зпаочнал новинарската кариера во 1995 година, кога се приклучил на екипата која тогаш го основала неделникот „Фокус“.Зоран Димитровски, „Фокус беше слободен и за непријателите на слободата“, Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 11. Во 1998 година преминал во „ТВ Телма“ каде со уште неколку новинари го започнал емитувањето вести на овој медиум. Во 2007 година учествува во правењето на првиот интернет-портал во Македонија - „Кирилица“ и бил негов главен уредник.www.idividi.com.mk „Трибина за македонскиот јазик во политичката комуникација“ (пристапено на 24.4.2018) Една година подоцна преминал во дневникот весник „Дневник“, каде извршувал повеќе уреднички работи, а четири години бил и заменик главен и одговорен уредник.www.mediapedia.mk (пристапено на 24.4.2018) Весникот „Дневник“ го напуштил во 2016 година и го формирал првиот бесплатен неделник во Македонија – „Скопско Ехо“, извршувајќи ја функцијата главен уредник.еМагазин, „Скопско ехо, бесплатен неделник со скопски теми и проблеми“ (пристапено на 24.4.2018) Исто така, тој извесно време бил и дописник на реномирани странски радио-станици кои имаат емисии на македонски јазик, а раководел и со двонеделните магазини „Авто Берза“ и „Кликер“.
Наводи
Категорија:Македонски новинари