Јанез Дрновшек (роден на 17 мај 1950 во Цеље — починал на 23 февруари 2008 во Заплана) — словенечки политичар, поранешен претседател на Претедателството на СФРЈ (1989 — 1990), и претседател на Словенија (2002 - 2007) .

Животопис Дипломирал на Економскиот факултет во Љубљана, а докторирал на Економскиот факултет во Марибор во 1986 година. Универзитетот во Бостон му доделил звање почесен доктор во 1996 година, а Универзитетот во Илиноис иста титула во 1999 година. Дипломатската кариера ја започнал во седумдесеттите во југословенската амбасада во Каиро, а подоцна работел во Осло на Институтот за меѓународна економија. Се занимавал со проучување на современото светско економско уредување.

По враќањето во земјата, тој станал директор на филијалата на „Љубљанска банка“ во Трбовље. Во април 1989 бил избран за словенечки член на Претседателството на СФРЈ, а во мај станал претседател на претседателството по ротирачки принцип со мандат од една година. За време на вооружениот конфликт на ЈНА со единиците на ТО на Словенија бил главен преговарач.

По одделувањето на Словенија од СФРЈ и прогласување на независност, четири пати бил избран за премиер, последен пат во [(2000)]година. На изборите одржани во декември 2002година бил избран за претседател на Словенија со 56,51% од гласовите, додека противкандидат бил Барбара Брезигар. Должноста ја презел од долгогодишниот претседател Милан Кучан. Покрај словенечки зборувал англиски јазик, француски, шпански и српскохрватски јазик. Од брак имал син Јаша и вонбрача ќерка Нана Форте.

Тој починал како последица на рак на 23 февруари 2008 година во Заплана. Бил погребан на семејните гробишта во Загорје об Сови.

Наводи

Надворешни врски Биографија Мрежно место Председника Словеније Мрежно место на поранешниот премиер на Словенија Покрет за правду и развој -{"All hail the mystic President" , by Martin Fletcher, The Times}-, 15. новембар 2007.

Категорија:Луѓе од Цеље Категорија:Премиери на Словенија Категорија:Словенечки политичари Категорија:Членови на Претседателството на СФРЈ Категорија:Претседатели на Словенија Категорија:Доктори по економија Категорија:Починати од рак Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Родени во 1950 година