Кристина Раденковиќ (Нови Сад, 5 декември 1980) — српска глумица и ТВ водителка.

Животопис Кристина Раденковиќ е родена во Нови Сад , каде што израснала и живеела до крајот на студиите. Во детството, на барање на родителите кратко тренирала тенис, а се занимавала и со џез балет до 16 години. По тоа, запишала гимназија, а потоа станала член на француската драмска секција, каде што започнала глумечка работилница кај Милан Плетан - Пленџе. Присуствоо во оваа секција значително влијаела на нејзината одлука за подоцна да се занимава со глума. На инсистирање на нејзината мајка, таа се запишала на Природно-математички факултет, а по првата година и Академија на уметности . Двата факултета успешно ги завршила. По дипломирањето, таа се преселила во Белград во потрага на работа. Бидејќи таа била помеѓу четири избрани кандидати на натпреварот Европско лице  така била една од новинарите од Песни за Евровизија во 2008 година. Подоцна водела уште неколку емисии на Радио-телевизија на Србија, вклучувајќи и избор за Детска песна Евросонг. Конечно станала водителка на ТВ Загатка во 2012 година.

Прва забележана телевизиска улога е достигната во серијата Она како љубов, во која ја глумеше Сашка. Исто така, во серијата Дојди поблиску ја глумеше професорката Миљана Цветиќ.

Во врска е со правникот Никола Радојевиќ, со кого има ќерка Тара, родена во март 2016 година, и син Роган, роден во ноември 2019 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Луѓе од Нови Сад Категорија:Српски глумци Категорија:Српски телевизиски водители Категорија:Срби од 20 век Категорија:Срби од 21 век