Саат-кулата во Измир (турски: İzmir Saat Kulesi) — историска саат-кула која се наоѓа на плоштадот Конак во областа Конак во Измир, Турција.

Саат-кулата била дизајнирана од францускиот архитект Рејмонд Шарл и изградена во 1901 година за да ја одбележи 25-годишнината од пристапувањето на Абдул Хамид II на престолот (владеел 1876-1909). Самиот часовник бил подарок од германскиот цар Вилхелм II (владеел 1888-1918) и има османлиски стил на архитектура. Кулата е висока 25 метри и има четири фонтани, кои се поставени околу основата во кружен модел. Столбовите се инспирирани од мавритански теми.

Саат-кулата била прикажана на задната страна од турските банкноти од 500 лири од 1983-1989 годинаCentral Bank of the Republic of Turkey . Banknote Museum: 7. Emission Group - Five Hundred Turkish Lira - I. Series & II. Series . – Посетено на 20 April 2009..

Во поранешните балкански провинции на Отоманското Царство, особено во денешните српски, босански и црногорски градови, како што се Белград, Сараево, Бања Лука, Градачац и Стара Варош, сѐ уште постојат такви кули од времето на отоманската ера.

Наводи

Надворешни врски Надворешни врски

Turkey's Ministry of Culture and Tourism izmir clock tower 360 degree video 360 Derece Video Clock Tower Photos izmirsaatkulesi panorama

Категорија:Згради и градби во Измир Категорија:Саат-кули во Турција Категорија:Отоманска архитектура во Турција Категорија:Знаменитости во Турција