десно|мини|245x245пкс|Сегедската синагога десно|мини|245x245пкс|Внатрешноста на синагогата десно|мини|245x245пкс|Куполата на Сегедската синагога Сегедската синагога () е синагога во Сегед во Унгарија. Овој објект бил изграден во 1907 година и бил дезајниран од еврејскиот унгарски архитект Липот Баумхорн (1860-1932), чии дела претставуваат најдобри примери за уникатниот унгарски стил кој претставува комбинација на југендстилот и историзмот, понекогаш познат и како „унгарски стил“.Historism and Art Nouveau in Hungarian architecture around 1900 http://www.art-nouveau.hu/art.php?menuid=2&id=102 Таа била користена од еврејската заедница во Сегед.

Внатрешноста на објектот, со својата висока купола од 48.5 метри, е заснована врз неколку историски стилови кои заедно ја создаваат уникатната комбинација на југендстилот и мавританската преродба. Ребрестиот ѕид над оргулите имаат готско потекло, додека столбовите што ги поддржуваат галериите се римски.

Внатрешноста на големата купола, како и сите витражи на градбата, се дело на уметникот Микса Рот.

Шарите се во облик на растението милодух (хисоп), растение кое се користело во античките храмови.

Сегедската синагога е втора по големина во Унгарија по Големата синагога во Будимпешта, како и 4-та најголема во светот.Lipot Baumhorn , additional text.

Наводи

десно|мини|245x245пкс|Светиот ковчег на синагогата Надворешни врски Szeged Syangogue Website Leopold Baumhorn on Jewish.hu's list of famous Hungarian Jews

Категорија:Синагоги Категорија:Верски објекти во Унгарија Категорија:Унгарска култура