Свети Димитриј — црква во селото Подареш.

Местоположба Црквата е сместена во северниот дел од селото.

Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 12 јули 2001 година.Подарешка парохија. Брегалничка епархија.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со кружна купола и многуаголна апсида на источната страна. На површината на куполата има осум монофори. Главниот влез се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Од левата страна на влезната врата има мермерна плоча со податоци за црковниот одбор којшто ја подигнал црквата, како и врамена фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски, додека од десната страна на влезната врата има врамена фреска на којашто е насликан Свети Георгиј. Храмот има спореден влез на северната страна. Објектот е граден од тули коишто се најзабележителни на куполата, како и на рабовите од вратите и прозорците, а остатокот од надворешните ѕидови е обоен во бела боја. Црквата е покриена со кров од ќерамиди, а куполата со лимен кров.

Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени две камбанарии и трпезарии. Од внатрешната страна на влезната порта од дворот има полукружна ниша со фреска на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. Првата камбанарија се состои од два дела, од коишто долгиот којшто е значително повисок е со квадратна основа, а горниот во висина на ѕвоното е со осумаголна основа. На секоја страна од долниот дел има по една отворена монофора. Долниот дел во целост е обоен во бела боја, а тули се забекежуваат на рамките од монофорите, додека горниот дел е видливо изграден од тули. Втората камбанарија исто така е со квадратна основа и претставува примитивна метална конструкција со пирамидален лимен кров.

Галерија

Поврзано Подареш Подарешки манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ Подарешки манастир „Св. Петка“ Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Петка“ Радовишко архијерејско намесништво Подарешка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Подареш Подареш