мини|291x291пкс|Личка Пљешивица Личка Пљешивица е планина во Хрватска, чиј помал дел се наоѓа на граница со Босна и Херцеговина. Се простира во правец северозапад-југоисток од Плитвичките езера до Зрмања, и ја одделува Лика од Поуње. Личка Пљешивица му припаѓа на венецот Динариди. Поголем дел од нејзината површина е покриена со густи шуми.

Најзначајни врвови на Личка Пљешивица се наоѓаат на почетокот и на крајот на планинскиот венец:

Озеблин, 1657 метри Гола Пљешивица, 1646 метри Кремен, 1591 метри

Во 16 век за Личка Пљешивица се користело името Ѓаволска градина. За време на турските војни одиграла важна улога како природна бариера, а хрватските војници се служеле со нејзините бразди и врвови за спречување на продорот на Османлиите во слободната хрватска територија. н|мини|250x250пкс|Поглед на планината од градот Кореница

Надворешни врски

Личка Пљешивица на мрежната страница на Хрватскиот планинарски сојуз

Категорија:Лика Категорија:Планини во Хрватска Категорија:Босанско-хрватска граница Категорија:Меѓународни планини во Европа