мини|Сербски дом - седиште на Домовина во Бауцен десно|мини|220x220пкс|Поранешната сала за танцување и центар на заедницата во Хојерсверда, фондацијата на Домовина Домовина (лужички: "дом") — политичка независна лига на Лужичките Срби и чадорска организација на околу 30 лужички општества во Долна и Горна Лужица, Германија. Таа ги застапува интересите на Лужичките Срби и е континуиран наследник на претходната Домовинска лига на Лужичките Срби.

Во 1937 година организацијата беше забранета и укината. Во 1945 година таа беше повторно восповтавена и продолжи со своите активности. Таа е член е на Сојузната унија на европските национални малцинства и националности, Друштвото на обесправените луѓе и Европското биро за јазични малцинства. Издавачката куќа "Домовина" објавува литература на лужичките јазици.

Историја Домовина била основана во Хојерсверда на 13 октомври 1912 година од културните дејци Арношт Барт, Хандриј Крон, Јуриј Слоденк, Богумил Швелеј, Јан Дворник, Јуриј Деленк, Август Лапштих, Франц Краљ и Михаил Навка. Таа денес се наоѓа во Бауцен.History of Domowina -- Главните задачи на организацијата биле заштитата на национално-културните, социјалните и економските интереси на луѓето од различни класи.

Откако Нацистите дошле на власт, тие почнале да вршат притисок врз активностите на организацијата. На почетокот од 1937 година нацистичките власти издале ултиматум кој наредувал водачите на Домовина да усвојат нов устав за организацијата и истата да биде преименувана во "Сојуз на Германците кои зборувале лужички". Нацистичките власти ѝ ветиле на организацијата дека ако го прифатат ултиматумот нема да ја забранат организацијата и издавањето на лужички јазик. Павол Недо го отфрлил ултиматумот и на 18 март 1937 година Домовина беше укината. Таа беше повторно воспоставена на 10 мај 1945 година, веднаш по завршувањето на Втората светска војна и го поврати својот официјален статус во Германската Демократска Република.Peter Kunze (1995). Kurze Geschichte der Sorben. Ein kulturhistorischer Überblick in 10 Kapiteln. Sächsische Landeszentrale für Politische Bildung, p. 70, Под власта на Источна Германија, Домовина беше масовна организација вклучена во Националниот фронт и таа беше ефикасно контролира од страна на СЕД. Иако владата не ги признавала Лужичките Срби како јазична заедница во рамките на ГДР, тие не биле признати како малцинство што беше во спротивност со барањата на лигата. По германското обединување, Домовина беше повторно реформирана, овој пат како независна организација која веќе не беше под контрола на СЕД.

Денес Денес седиштето на организацијата се наоѓа во Бауцен. Домовина како чадорска организација, во себе вклучува 15 организации, меѓу кои и Сојузот на лужичките уметници, Сојузот на лужичките студенти и Лужичкиот училиштен сојуз. Таа е дел од Европското биро за јазични малцинства, Сојузната унија на европските национални малцинства и националности и Друштвото на обесправените луѓе. Таа има и своја активна издавачка куќа, која издава книги на лужички јазици.

Претседатели Период Претседател1912-1927Арношт Барт1927-1930Јакуб Шевчик1930-1933Јан Кшижан1933-1950Павол Недо1951-1973Курт Крјенц1964-1990Јуриј ГросSecretary of the Federal Executive of Domowina1990-1991Бјарнат Циж1991-1992Јан Павол Нагел1993-2000Јакуб Бранкачк2000-2011Јан Нукод 2011Давид Статник

Наводи

Дополнителна литература Гугнин А. А., Введение в историю серболужицкой словесности и литературы от истоков до наших дней, Российская академия наук, Институт славяноведения и балканистики, научный центр славяно-германских отношений, М., 1997, стр. 154—155, 157—158, ISBN 5-7576-0063-2 Семиряга М. И. Лужичане. — М., Л., 1955. Шевченко К. В. Лужицкий вопрос и Чехословакия 1945—1948. — М., 2004.

Надворешни врски

Официјално мрежно место --

Категорија:Бауцен Категорија:Хојерсверда Категорија:Лужица Категорија:Непрофитни организации Категорија:Организации во Германија