Попевка за Радиќ Вукоевиќ (српскохрватски: Popijevka Radića Vukojevića) - кратка народна песна (бугарштица), составена од 14 стиха.
Содржина Три копја се насочени кон јунакот Радиќ Вукоевиќ, кој бега низ планината. За несреќа, неговиот коњ се лизга на детелината и трите копја наеднаш го погаѓаат. Шумските разбојници го соблекуваат јунакот, а тој ги моли само да му ја остават марамата на главата за да го заштити лицето од гавраните и орлите.Bugarštice. Beograd: Rad, 1969, стр. 55.
Осврт кон песната Според содржината, чувството за просторот и едноставната линија, „Попевката за Радиќ Вукоевиќ“ наликува на стар средновековен споменик. Три копја го гонат јунакот низ планината и сите три го погаѓаат истовремено, но дури на крајот од песната се открива кој ја носи смртта. Тогаш, јунакот ги моли шумските гусари, но не за животот, туку ги моли да не му ја отстранат белата марама од главата за неговото мртво лице да не му го нагрдат гавраните и орлите.Vladan Nedić, „Bugarštice“, во: Bugarštice. Beograd: Rad, 1969, стр. 77.
Наводи
Категорија:Бугарштици