Бетаметазонот е стероиден лек. Се користи во третманот на голем број на болести вклучувајќи ги ревматските заболувања како ревматоиден артритис и системски лупус еритематозус, кожни заболувања како дерматитис и псоријаза, алергиски состојби како астма и ангиоедем, кај предвремено родени деца за забрзување на развојот на белите дробови, Кронова болест, канцери како леукемија, и покрај флудрокортизонот за адренокортикална инсуфициенција, помеѓу другото. Може да се зема преку уста, инјекција во мускул, или да се аплицира како крем. Кога се инјектира, аниинфламаторните ефекти започнуваат за околу два часа и траат седум дена.
Наводи
Категорија:Кортикостероиди Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Отологици