Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2003 година — финале на Лигата на шампионите 2002-03, кое се одиграло на Олд Трафорд во Манчестер, Англија, на 28 мај 2003 година. На натпреварот се натпреварувале двата италијански тимови: Јувентус и Милан. Натпреварот бил првиот во историјата на Лигата на шампиони каде во финалето се сретнале две италијански екипи.
Милан победил по изведување на пенали откако по 90 минути и дополнителните 30 не бил постигнат гол. Со освојувањето на купот, Милан дошол до својот шести успех во Европскиот куп и Лигата на шампионите.
Натпревар
Во текот на натпреварот, Милан успеал да постигне погодок преку Андриј Шевченко, но истиот бил поништен бидејќи судијата сметал дека Руи Кошта му го блокирал погледот на Џанлујџи Буфон од офсајд-позиција, иако телевизиските реакции покажале дека португалецот се повлекол од видното поле на Буфон пред да биде упатен ударот. Антонио Конте речиси постигнал гол за Јувентус, откако влегол во игра како замена на почетокот од второто полувреме, но неговиот удар со глава го сопрела пречката. Андреја Пирло, исто така, погодил статива за Милан. Во второто полувреме, двете екипи започнале повеќе да размислуваат за одбрана на својот гол, отколку за напад.
И Јувентус и Милан имаале повреди на своите одбанбени позиции. Игор Тудор се повредил на почетокот од натпреватор и бил заменет од Алесандро Бириндели, додека Роке Жуниор од Милан се повредил во продолженијата поради замор.
Прегледот на пеналите предизвикало контроверзии кај некои навивачи, бидејќи повторувањата покажале дека Дида бил пред линијата на голот, кога ги спасил пеналите на Давид Трезеге, Марсело Залајета и Паоло Монтеро. Како и да е, Андриј Шевченко го извел победничкиот пенал и станал првиот украински фудбалер кој победил на Европскиот куп.
Детали
GK 1 Џанлујџи БуфонRB 21 Лилијан ТирамCB 2 Чиро ФерараCB 5 Игор Тудор LB 4 Паоло МонтероRM 16 Мауро Каморанези CM 3 Алесио Такинарди CM 26 Едгар Давидс LM 19 Џанлука ЅамбротаCF 17 Давид ТрезегеCF 10 Алесандро Дел Пјеро Substitutes:GK 12 Антонио КиментиDF 7 Џанлука ПесотоDF 13 Марк ЈулијаноDF 15 Алесандро Бириндели MF 8 Антонио Конте FW 24 Марко Ди ВајоFW 25 Марсело Залајета Тренер: Марчело Липи GK 12 ДидаRB 19 Алесандро Костакурта CB 13 Алесандро НестаCB 3 Паоло Малдини LB 4 Кахабер КалаѕеRM 8 Џенаро ГатузоCM 21 Андреја Пирло LM 20 Кларенс СедорфAM 10 Руј Кошта CF 7 Андриј ШевченкоCF 9 Филипо ИнѕагиSubstitutes:GK 18 Кристијан АбријатиDF 24 Мартин ЛаурсенDF 25 Роке Жуниор MF 23 Масимо Амброзини MF 27 Сержињо MF 32 Кристијан БрокиFW 11 РивалдоТренер: Карло Анчелоти
Играч на натпреварот: Паоло Малдини (Милан)
Assistant referees: Кристијан Шраер (Германија) Хинер Милер (Германија) Fourth official: Волфганг Старк (Германија)Натпревар 90 минути. 30 минути (дополнително време) пенали максимално три измени.
Наводи
Надворешни врски Official Site (Archived)
Категорија:Фудбалот во 2003 година Категорија:Финалиња на Лигата на шампионите 2003 2003