Вознесение Христово (позната и како: Свети Спас) — поранешна селска црква во пијанечкото село Панчарево. Денес, црквата е во урнатини, бидејќи во минатото изгорела.

Црквата се наоѓа во близина на маалото Присој, сместена на мала височинка, од каде се пружа поглед на панчаревското поле. Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта, како и помошни објекти.

Галерија

Поврзано Панчарево Брегалничка епархија Делчевско архијерејско намесништво Тработивишка парохија

Надворешни врски

Панчарево Категорија:Панчарево