мини|180п|Курвиметар Курвиметар – механичка направа за мерење криви линии на мапи. Првите верзии на овој инструмент биле патентирани во 1873 година од англискиот инженер Едвард Расел Морис.
Потекло на поимот Името на овој мерен инструмент доаѓа од латинскиот збор curvus, што значи крива линија.
Состав Курвиметарот се состои од тркалце со преносен механизам, скала и стрелка. Може да има неколку скали со разни размери, на пр. 1:25 000, 1:50 000, итн.
Употреба Пред употреба курвиметарот се доведува на позиција 0. Потоа тркалцето се води по кривата линија чија должина треба да се измери, а потоа на скалата се отчитува должината на патот.
Наводи
Литература Војна енциклопедија, Београд, 1972, књига четврта, pp. 778.
Надворешни врски
Категорија:Мерни инструменти Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ