мини|240x240пкс|Катедрала-базилика на Св. Дионис Ареопагитот во Атина. Католичка црква во Грција — дел од светската Католичка црква, под духовно водство на Папата во Рим. Домородните римокатолички Грци бројат околу 50.000-70.000 и претставуваат религиозно, а не етничко малцинство. Повеќето од нив се реминисценција на венецијанското и џеновското владеење на многуте грчки острови (и во Егејското и во Јонското Море) од почетокот на 13 до крајот на 18 век, или потомци на илјадниците Баварци кои дошле во Грција во 1830-тите години како војници и цивилни администратори, придружувајќи го кралот Отон. Еден многу стар, но сѐ уште чест термин кој се користи за католиците е Φράγκοι, или "Франки", тој датира од времето на Византиското Царство, кога Старите Грци го користеле овој термин за сите католици.
Сепак, од почетокот на 1990-тите бројот на католичките постојани жители на Грција во голема мера се зголеми; денес, тие бројат околу 200,000 во најмала рака, а можеби и повеќе. Овие католици се имигранти или од Источна Европа (особено Полска) или од Филипините, но исто така вклучуваат и иселеници од Западна Европа кои живеат постојано во Атина или на грчките острови (особено Крит, Родос и Крф).
Денес, поголемиот дел од католиците живеат во Атина, град на околу четири милиони луѓе; остатокот од католиците живеат низ цела Грција. Повеќето домородни католици живеат на островите, особено на Кикладите, додека во Сирос и Тинос постојат целосно католички села и парохии. Исто така, одреден број католици живеат во Крф, Наксос, Санторини, Кефалонија, Закинтос, Родос, Кос, Крит, Самос и Хиос. Во другите делови од Грција католичките заедници се помали, тие постојат и во Патра (град кој бил дом на голема италијанска заедница до Втората светска војна), Солун, Кавала, Волос итн. Во прилог на римокатолиците (според римски обред), кои претставуваат огромно мнозинство на верниците, постојат околу 5.000 според грчкиот обред и неколку стотици ерменски католици.
Папи од Грција
Папа Хигин Папа Елевтериј Папа Сикст II
Епископска конференција Епископската конференција на Грција (Hiera Synodos Katholikis Hierarkhias Hellados) има шест членови:
Архиепископот на Крф и апостолскиот администратор на Солун Архиепископот на Наксос и Тинос и апостолскиот администратор на Хиос Архиепископот на Атина и апостолскиот администратор на Родос Епископот на Сирос и Санторини и апостолскиот администратор на Крит Егзархот на гркокатолиците според византискиот обред (со седиште во Атина) Ординаријатот на ерменските католици (со седиште во Атина)
Папски претставници во Грција Тип Име Датуми Апостолски нунциј Едвард Џозеф Адамс 22 февруари 2011 - Апостолски нунциј Лујџи Гати 16 јули, 2009 - 22 февруари 2011 Апостолски нунциј Патрик Ковени 25 јануари, 2005 - 16 јули 2009 Апостолски нунциј Павле Фуад Табет 2 јануари 1996 - 25 јануари 2005 Апостолски про-нунциј Лукијано Стореро 28 јуни 1990 - 15 ноември 1995 Апостолски про-нунциј Џовани Маријани 25 април 1980 - 5 мај 1990 Апостолски делегатАнџело Џузепе Ронкали 12 јануари 1935 - 23 декември 1944 Апостолски делегат Карло Марготи 12 февруари 1931 - 25 јули 1934 Апостолски делегат Луис Петит 4 март 1912 - 24 јуни 1926 Апостолски делегат Антонио Деленда25 август 1900 - ? август 1911 Апостолски делегат Џовани Маранго 9 јуни 1874 - ? 1900 мини|200x200пкс|Катедралата Св. Џејмс и Свети Кристофер во Крф мини|356x356пкс|Катедралата Свети Павле во Пиреј
Организација
Римски (латински) католички
Атинска архиепископија Родоска архиепископија Архиепископијата на Крф, Занте и Кефалонија Архиепископијата на Наксос, Андрос, Тинос и Миконос Хиоска епархија Критска епархија Санторинска епархија Епархија на Сирос и Милос Солунски апостолски викаријат
Епархии
Католичката Архиепископија Corfu Католичката Архиепископија Родос Католичката Архиепископија Naxos - Tinos Грчката Католичката Егзархија
Парохии
Католичката парохија на Heraklion Католичката парохија на Кавала Католичката парохија на Patras Католичката парохија на Солун Германски јазик Католичката заедница во Грција Полски Католичката заедница во Грција
Источни грчки (византиски) католички
Грчката Соборна Апостолска Егзархија на Грција
Други
Каритас Хелас Језуитска заедница на Грција
Познати грчки римокатолици
Димитриј Кидон, теолог Томас Палајологос, деспотот на Мореја Василиј Весарион, теолог Јоанис Аргирополос, научник Марко Мусурус, научник Јоанис Андреас Каргас, епископ на Сирос Доменикос Теотокопулос ("Ел Греко"), сликар Јоанис Марангос, архиепископ Маркос Вамвакарис, музичар
Галерија
Поврзано
Список на грчки папи Религија во Грција
Наводи
Надворешни врски
Католичката црква во Грција
Категорија:Католицизмот по земја Категорија:Христијанството во Грција