Долно Езеро — природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Долното Езеро се наоѓа на истата долинска страна како и претходните две корапски езера - Бачилско Езеро и Средно Езеро, во изворишниот дел на долината на реката Рибница во месноста Долни Чардак помеѓу врвовите Бачилски Камен и Бабин Камен, на височина од 1,620 метри. По своето потекло е акумулативно, настанато со преграда на моренски седименти. Длабочината на ова езеро изнесува 50 см, а неговата површина 30 м2 .
Галерија
Наводи
Категорија:Корапски езера Категорија:Кораб