мини|200п|Светилник во Канада мини|200п|Светилник на крајот на светот во Ушуаја, Аргентина мини|200п|Светилник во германската покараина Шлезвиг-Холштајн
Светилник — градба што се подига на брегови, острови, стени, за да им биде ориентир на морските пловни средства.
Историја Првите светилници ги изградиле Египќаните и меѓу нив е прочуениот Фарос во Александрија, на устието на реката Нил. Овој светилник спаѓа меѓу Седумте светски чуда на античкиот свет. Во Америка, првиот светилник бил подигнат во 1716 година, а светлината се добивала со горење дрва, т.е. се ложел вистински оган. Подоцна светилниците користеле гас и ацетилен. Светилник на електрична енергија бил реализиран во 1858 година. Тогаш веќе се користеле огледала и леќи заради подобро снопење на светлината. Покрај тоа, за време на магла се користат сирени, но и вртежни светла. Светилници кои користеле и радиосигнал почнале да се користат уште од 1921 година, а првпат биле примените во Њујорк, САД. Денес, радиосигналот се користи и за ориентација на авионите.
Светилникот како симбол го користат тајните друштва, а во своето лого го користи и познатиот семрежен пребарувач „Нетскејп“.
Светилникот како тема во уметноста „Светилникот Сангинере“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 73-79.
Поврзано Светилничари Градба Сообраќај Огистен-Жан Френел
Наводи
Надворешни врски
Светилници од цел свет Фотогалерии на светилници Светилници во Црна Гора Светилници во хрватскиот дел на Јадранот Фотографии на хрватски светилници
Категорија:Светилници Категорија:Сообраќај Категорија:Градежништво