мини|десно|300п|Карта на Хелскиот Провлак. Хелски Провлак или Хелски Полуостров (; ; ) — песочен провлак или полуостров во северна Полска кој го дели Пучкиот Залив од Балтичкото Море. Долг е 35 км и влегува во состав на Пучкиот Округ на Поморското Војводство.
Географија Полуостровот има ширина од 300 м кај Јурата до 100 м во најтесниот дел, при што завршниот дел е широк 3 км. Бидејќи се состои само од песок, честопати зимските бури го отсекуваат од копното и образуваат остров. Сè до XVII век провлакот ова било островска верига која се спојувала во полуостров само преку летото.
Долж провлакот минуваат пат и железница кои го поврзуваат копното со крајната точка — туристичкото гратче Хел. Други населени и посетителски места на полуостровот се Јурата, Јастарња, Кужњица, Халупи и Владиславово.
Воено значење Во минатото, Хелскиот Провлак бил во состав на Прусија, а потоа и во Германија, од 1772 до 1919 г. По Првата светска војна провлакот ѝ припаднал на Полска, и добил големо воено значење (Полски коридор) со изградбата на утврдувања и гарнизон од 3.000 војници. Тука во 1939 г. се одиграла Хелската битка, во која полската војска го минирала преовлакот, привремено претворајќи го во остров.
За време на германската окупација (1939–1945), одбранбените утврдувања се проширени и поставен е голем поморски топ, но истиот е набргу преселен на Атлантскиот ѕид во Франција. Полуостровот останал во рацете на германските сили сè крајот на Втората светска војна, шест дена пред капитулацијата на Германија.
По војната, Хелскиот Провлак ѝ е вратен на Полска, која во 1940-тите и 1950-тите доградила дополнителни батерии. Денес многу од утврдувањата и батериите се достапни за посетители, иако дел од провлакот и денес им припаѓа на вооружените сили.
Галерија
Поврзано Вестерплате Полски коридор Пучки Залив
Наводи
Надворешни врски
Хелски Провлак — портал на Јастшембја Гура
Категорија:Полуострови во Полска Категорија:Балтичко Море Категорија:Провлаци Категорија:Пучки Округ