Равшан Сајфидинович Ирматов (, ; роден на 9 август 1977 во Ташкент) — узбечки фудбалски судија, кој суди во Узбечката лига од 2000 и е меѓународен судија од 2003 година. Заклучно со 2018, Ирматов го држи рекордот на најмногу судени натпревари на светските првенства во фудбал.

Признанија Поединечни Узбечки судија на годината (10): 2006, 2007 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015. Азиски судија на годината (5): 2008, 2009, 2010, 2011 и 2014. Светски судија на годината: 2015.

Други Орден „Ел Јурт Хурмати“: 2014. Орден „За големи заслуги“ на Узбекистан: 2015.

Наводи

Категорија:Узбечки фудбалски судии Категорија:Фудбалски судии на Светското првенство во фудбал 2018 Категорија:Живи луѓе