Шчи () – руска супа од расол. Настанала пред повеќе од илјада години, а рецептот се менувал во текот на историјата. Тоа било храна и на богатите и на сиромашните сè до денес. Тоа е едно од најпознатите руски јадења, а се јаде и во други земји на Источна Европа.

Основни состојки на шчито се: варен расол и кромид. Побогатата верзија на шчи содржи шест состојки: расол, месо со коски (некогаш и риба или печурки), морков и корен од магдонос, ароматични состојки (кромид, целер, копар, лук и црн пипер) и кисели состојки (павлака, јаболко). Постојат разни верзии во кои се додаваат или изоставаат поедини состојки.

Супата се сервира со павлака, каша од хелда и свеж леб. Постои и верзија со зелка и домат.

Поврзано Супа Руска кујна Белоруска кујна

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Супи Категорија:Руска кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ