Светлана Кулеванова (моминско: Зарева; во ) — македонски фармацевт и редовен универзитетски професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Животопис

Кулеанова дипломирала на Фармацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1993 година. Магистрирала на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот во Белград, Србија, во 1991 година. Докторирала на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1997 година. Кулеванова е фармацевт, редовен универзитетски професор и декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје и раководител на Институтот по фармакоагнозија. Автор на книга по фармакоагнозија и автор на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник“, како и на бројни научно-стручни трудови и соопштенија на симпозиуми и конгреси надвор и во земјата. Раководител и учесник на неколку научноистражувачки и стручни проекти.

Наводи

Категорија:Декани на Фармацевтскиот факултет Категорија:Македонски универзитетски професори