Блага Петроска ( во ) — македонски социолог и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.
Животопис
Основно и средно образование завршила во Букурешт, Романија, каде што ги започнала и студиите по филозофија. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје во 1954 година и докторирала од областа на социолошките науки на истиот факултет на тема „Типови и облици на семејството во Тетовскиот крај“ во 1965 година. Била избрана за асистент, за предавач, за доцент, за вонреден и за редовен професор по предметот општа социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Неколку мандати била раководител на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а еден мандат декан на истиот факултет (1977-1979). Објавила поголем број научни трудови од областа на социологијата.
Наводи
Категорија:Луѓе од Букурешт Категорија:Македонски социолози Категорија:Македонски универзитетски професори