Радмила Котевска (моминско: Јованова; во — во ) — македонска педијатарка и нефролог.
Животопис
Студите по медицина ги завршила во Белград, а специјализирала во полето на педијатрија на Детската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, по што се усовршувала во два наврати во Париз кај францускиот професор и педијатар Роберт Дебре, на наставната болница Hôpital Necker – Enfants Malades.
Била основач на Одделот за детска нефрологија при Клиниката за педијатрија, а како пионер во полето на детска нефрологија се здобила и со звањето примариус во оваа стручна активност.
Била автор на над сто публикации од областата на општата педијатрија и детската нефрологија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски педијатри Категорија:Македонски нефролози