Науел Игнасио Гусман (Росарио, 10 февруари 1986) — аргентински фудбалер, голман на Тигрес и поранешен репрезентативен голман на Аргентина.
Клупска кариера Гусман дебитирал како професионален фудбалер со екипата на Њуелс Олд Бојс во август 2006 година, на натпреварот против Белграно. Во периодот 2008-2009, тој играл на позајмица во Индепендиенте Ривадавија. По враќањето во Њуелс Олд Бојс, тој се мачел да дојде до минути, вршејќи ја улогата на резервен голман уште три сезони пред конечно да дојде неговото време да стане "единицата" на клубот. Тој бил клучен играч на Њуелс Олд Бојс во сезоната 2012-2013, помагајќи му на клубот да го освои Торнео Финал.
Во јули 2014 година, Гусман потпишал за мексиканскиот клуб Тигрес УАНЛ.
Репрезентативна кариера Бил член на тимот на аргентинската репрезентација под 17 години, која ја претставувал на Светското првенство 2003.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил во пријателскиот натпревар против Хонгконг, бранејќи 45 минути во победата со 7-0.
Во мај 2018 година, тој се нашол на прелиминарниот список од 35 играчи на Аргентина за Светското првенство 2018 во Русија. Конечно, тој се нашол меѓу патниците на првенството, меѓудругото и поради тоа што првиот голман Серхио Ромеро се здобил со повреда.
Хронологија на репрезентативните настапи
Трофеи Њуелс олд бојс Примера Дивисион : Торнео Финал 2013
Тигрес Примера Дивисион : Апертура 2015, Апертура 2016, Апертура 2017, Клаусура 2019, Клаусура 2023 КОНКАКАФ Лига на шампиони : 2020
Аргентина Копа Америка: Вицешампион 2015 и 2016
Наводи
Надворешни врски
Науел Гусман на soccerway
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на Тигрес УАНЛ Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико)