Татула (Datura stramonium) — растение кое припаѓа на фамилијата Solanace и родот Datura. Се верува дека потекнува од Мексико, но сега е распространето во многу други региони.
Datura се користи во традиционалната медицина за ублажување на симптомите на астма, како аналгетик и за Паркинсонова болест. Тоа е исто така има моќен халуциноген и дисасоцијативен ефект. Алкалоидите кои ги содржи се одговорни и за лековитите и за халуциногените својства. Целото растение е високо-токсично, па неговото користење е ограничено. Малку поголема доза од лекот, може да биде смртоносна. Како лек се користи маслото, кое се прави од листовите на ова растение, а халуциноген ефект произведуваат неговите семенки.
Татулата расте во форма на грмушка од 60 до 150 cm. Коренот е бел,влакнест и долг, додека стеблото е жолто-зелено со многу листови. Листовите се 8 до 20 cm долги, мазни и неправилно распоредени. Основата на листот е темнозелена, а делот кај основата (кај листната дршка) е посветлозелен.
Ова растение цвета во лето. Цветовите се бледо розови до виолетови и се од 6 до 9 cm долги. Чашката (каликс) е долга, тубуларна, наведната надолу и со остри агли. Венечните ливчиња (корола) се бледо розови до виолетови и преку ден се само делумно отворени, а целосно се отвораат само навечер. Плодот е во форма на јајце, со многу боцки. Изгледа како капсула која се отвора и внатре има семенки кои се црни и многу мали.
Сите делови од ова растение содржат висока концентација на тропински алкалоид atropine, hyoscyamine, и scopolamine, кои се познати по своето халуциногено дејство. Ризикот од предозирање е многу голем, поради тоа што луѓето не се доволно информирани. Една семенка содржи околу 0.1 mg атропин, а фаталната доза за возрасен човек е >10 mg атропин и >2–4 mg скрополамин. Интоксикацијата со Datura stramonium предизвикува делириум, хипертермија, тахикардија и други нус појави, кои можат да траат и неколку дена. Дејството и појавувањето на симптомите почнува 30 до 60 по интоксикацијата.
Како што веќе наведовме погоре, ова растение многу се користи во медицината. Највеќе се користи како аналгетик и за намалување на симптомите на астма. Исто така се котисти и за Паркинсонова болест.
Име
Латинското име е datura stramonium. На македонското јазично подрачје познато е како и богова трева (Негован, Солун), свине (Крчово, Демир Хисар), конче (Ловча, Неврокоп), волче (Голашево, Демир Хисар), бишенце (Калиманци, Мелничко), гребен (Белица, Разлог), бишки (Загоричани), коч (Равња, Сер), биволче (Сенгелево, Демир Хисар), козел (Долно Фраштани, Сер).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 12
Наводи
Категорија:Ентеогени Категорија:Флора на Мексико Категорија:Инвазивни растенија Категорија:Отровни растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј