Семоа (, , , ) — река во Белгија и Франција, северозападна Европа. Тече од подгорскиот крај на Ардените во Белгија и Франција, па се влева во Меза како нејзина десна притока.
Реката извира кај Арлон во белгиската покраина Луксембург, недалеку од границата со кнежевството Луксембург. Тече во западен правец, минува низ селото Боан на Семоа, па влегува во Франција и се влева во Меза околу низводно од гратчето Монтерме. Целото течение е долго .
Семоа минува и низ други населени места како Шини, Флоранвил, Ербемон, Бујон (вкл. месностите Доан и Пупеан) и Врес на Семоа — сите во Белгија.
Историја Реката првпат се споменува во II век како Sesmara. Во следниот период, на подрачјето се доселило монгубројно германско население. Крај реката се појавиле низа населени места како Сесомирс (664), Сесмарус (950), Сесмоа (1104) и Семоар (1244).
Реката го дала своето име и на позната сорта тутун кој се одгледува во тој крај.
Наводи
Надворешни врски
Семоа на базата „Сандр“ Семоа — GeoNames
Категорија:Реки во Белгија Категорија:Реки на Големиот Исток Категорија:Ардени (департман) Категорија:Луксембург (покраина) Категорија:Намир (покраина) Категорија:Погранични реки Категорија:Меѓународни реки во Европа