Jmol — компјутерски софтвер за молекуларно моделирање на хемиските структури во 3-димензии. Jmol дава 3D претстава на молекула и може да се користи како образовна програма, или пак како истражувачка програма на пр., во хемијата и биохемијата. Напишана е во програмскиот Јава, па може да работи на оперативниот систем Виндоус, Мекинтош, Линукс и Уникс, доколку на истите и инсталиран пакетот Јава. Станува збор за слободен софтвер објавен под лиценцата GNU Lesser General Public License (LGPL) верзија 2.0. Постојат самостојна апликација и развоен софтверски пакет, кои можат да бидат надоградени со други Јава апликации, како што се Биоклипс и Таверна.

Позната одлика на програмот е што може да биде вграден во мрежни странициза да ги прикаже молекулите на најразлични начини. На пример, молекулите може да се претставуваат како моделите топче и стап, просторен модел, јамчест дијаграмитн. Jmol поддржува широк спектар на хемиски податочни формати, вклучувајќи Protein Data Bank (pdb), Crystallographic Information File (cif), MDL Molfile (mol), и Chemical Markup Language (CML). Постои исто така и самостојна верзија JavaScript во (HTML5), JSmol, која може да се користи на компјутери без Јава.

Програмата Jmol, меѓу другите можности, нуди алтернатива на приклучокот Chime, кој повеќе активно не се развива. Иако Jmol има многу особенсоти кои му недостасуваат на Chime, не ги содржи сите способности на, особено, модот Sculpt. Chime побарува приклучна инсталација и Интернет Експлорер 6.0 или Фајерфокс 2.0 на Микрософт Виндоус, или Нетскејп Кумуникатор 4.8 на Мекинтош 9. Jmol побарува инсталација на Јава и може да се користи на бројни оперативни системи. На пример, Jmol е целосно функционален на Фајрфокс, Интернет Експлорер, Опера, Гугл Хром и Сафари.

Снимки

Поврзано Развоен хемиски пакет Jmol сестрински проект за МедијаВики Список на молекуларни графички системи Молекуларна графика Молекуларен уредувач Протеопедија PyMOL SAMSON

Наводи

Надворешни врски

Wiki with listings of websites, wikis, and moodles

Категорија:Биоинформатички софтвер Категорија:Хемсики софтвер за Линукс Категорија:Слободен хемиски софтвер Категорија:Слободен софтвер напишан за програмскиот јазик Јава Категорија:Софтвер за молекуларно моделирање