мини|Муслиманскиот владетел на Могулите, шахот Џехан, 17 век Турбан или чалма — долго платно со облик на шал што се обвиткува околу капата или главата. Платното е направено од фин материјал и неговата должина може да достигне и до 10 метри. Потекнува од античко време (Асирија, Персија, Египет), а денес тоа е наглавна носија која се користи главно кај муслиманите. Исто така турбанот бил носија на христијани и Евреи во исламскиот свет, а и денес го носат некои немуслимани, особено индиски Индуси и Сики. Денес турбанот е не само народна ознака на Арапите, туку е и ознака за општествена припадност - занает. Бојата на турбанот е прецизно одредена на пр. шерифите (шарифите) носат зелен турбан, улемите го носат турбанот завиткан околу тарбуш... Турбан најчесто го користеле и османлиските султани како своја круна.
Поврзано Фес
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Индиска култура Категорија:Исламска облека Категорија:Капи Категорија:Отоманска облека