Свети Илија — манастирска црква на Ѕвегорскиот манастир.
Историја Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 1990 година, а истата била изградена следната година и осветена на 15 септември 1991 година од страна на тогашниот Митрополитот Брегалнички г. Стефан.„Звегорска парохија “. Брегалничка епархија.
Архитектура Црквата е изградена од камени блокови обоени во бела боја. Во предниот дел има трем до кој водат неколку мермерни скали. Влезната порта е дрвена и е покриена со метална решетка, а над неа има слика на Свети Илија. Во задниот дел од градбата има полукружна апсида. Црквата во целост е покриена со ќерамиди. Внатрешноста на храмот не е зографисана.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ѕвегор Ѕвегор